Сончево со мала до умерена облачност и температура до 33 степени


Скопје, 17 септември, 2018 - 9:17 (META) 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи во интервалот од шест до 18, а дневната од 24 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време. Минималната темература ќе изнесува 11, а дневната ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

Во следниот период продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината.


Сончево време со северен ветер


Скопје, 12 септември, 2018 - 9:21 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер поизразен на северот.

Утринската температура ќе се движи од осум до 19 степени, а дневната температура од 24 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 29 Целзиусови степени.

Во следните денови температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува


Сончево со мала до умерена локална облачност, со услови за дожд


Скопје, 7 септември, 2018 - 9:22 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Утре, сабота, не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Слично време се најавува за недела и понеделник.


Сончево време со мала до умерена облачност


Скопје, 5 септември, 2018 - 9:05 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 20 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.


Посвежо време со услови за локален дожд


Скопје, 3 септември, 2018 - 9:19 (META) 

Времето денеска ќе биде посвежо, во претпладневните часови со услови за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува умерен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура од 16 до 32 Целзиусови степена. Од утре, особено во среда и петок, се очекува променливо време со услови за повремен локален дожд претежно во планините.

До средината на неделата утринските и дневните температури ќе опаднат за околу четири до седум Целзиусови степени.


Сончево и топло време, температура до 36 степени


Скопје, 9 август, 2018 - 9:25 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде осум.

Утринската температура ќе се движи до 19, а дневната температура ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, главно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.


Сончево време со мала облачност


Скопје, 8 август, 2018 - 9:22 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 27 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската ќе достигне до 18, а дневната температура до 34 Целзиусови степени.

Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи во јужните и западните делови од земјата.


Времето променливо облачно со сонце


Скопје, 30 јули, 2018 - 9:00 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне се очекуваат локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Минималните температури утрово се движеа од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималните во текот на денот ќе изнесуваат меѓу 27 и 34 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе бидат во распонот од 20 до 33 Целзиусови степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината.

Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на престојниот викенд.


Променливо облачно време со повремен дожд


Скопје, 17 јули, 2018 - 9:19 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд особено во западните и јужните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната температура од 20 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 31 Целзиусови степени.


Сончево и топло време со температура до 36 степени и висок УВ-индекс


Скопје, 12 јули, 2018 - 9:14 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 28 до 36 Целзиусови степени.  УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.