fbpx
Таг: власт

таг: власт

Нацев: ВМРО-ДПМНЕ не потклекнала и во многу потешки времиња

По десетти пат се собравме за да им кажеме на сите дека притворените се наши браќа, а не терористи чиј единствен грев е што си ја сакаат државата, рече Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест на партијата пред Кривичниот суд, поради притворањето на 36 лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои се и шестмина...

ЕП ќе помага во дијалогот меѓу власта и опозицијата во Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, кој е во дводневна посета на земјава, на денешната средба разговарале за можноста за отпочнување на дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието, под покривителство во Европскиот парламент. Ваквиот дијалог, како што се наведува во соопштението од средбата, има за цел да придонесе...

Касами: Убедени сме дека во Тетово доаѓа нова власт што ќе работи во служба на граѓаните

Ние сме убедени дека во Тетово ќе се случат промени и оти доаѓа нова власт што ќе работи во служба на сите тетовци, изјави кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, по гласањето на избирачко место во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој додаде дека во вториот круг гласачите имаа можност да изберат локална власт што ќе работи во нивни...

Ѓорчев: Со упадите во општините се случува масовна политичка и партиска репресија

Факт е дека во Македонија во моментов, секојдневно се случува политичка репресија, се случуваат упади во општините и се случуваат масовни притисоци и врз кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и врз гласачите и врз цели групи на граѓани, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев. Тој додаде дека и денеска имало директен атак и директен упад врз општините Вевчани, Крива Паланка...

Хојт Ји: За интеграцијата во НАТО и во ЕУ е клучно да се утврди кој прислушувал

Многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со него, бидејќи тоа ќе биде клучен чекор за Македонија да ги увери НАТО и Европската Унија, како и другите меѓународни партнери, дека е подготвена да се интегрира во тие организации. Ова го истакна заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан...

Заев: Постојат реални можности да добиеме препорака, а потоа и датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев, во обраќањето пред зградата на Владата по повод прославата на 8 Септември – Денот на независноста, рече дека во Македонија има одговорни политичари кои знаат што им е потребно на граѓаните, но има и свесни граѓани кои знаат што ѝ е потребно на државата. Тој додаде дека од земја „генератор на криза“, Македонија е претворена во „мотор...

Поезија, вицови и исмевање на новите кадровски решенија на Владата во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение од расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, покрај пофалбите за работата на јавниот обвинител, рецитираа поезија и раскажуваа вицови на сметка на новите кадровски решенија на власта во државните институции. Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница изјави дека за попрофесионален јавен обвинител тој не знае, а неговиот партиски колега Зоран...

Груевски се шетал низ Скопје и се радувал оти го овозможил Супер купот

Поранешниот премиер, преку статус на својот фејсбук-профил, заслугите за Супер купот, кој се одржува денеска во Скопје, си ги припиша себеси и на ВМРО-ДПМНЕ и ја обвини сегашната власт дека сакала да го саботира тоа. Во по малку „поетскиот“ статус, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објаснува како тоа се случило „...Вчеравечер испешачив низ центарот на градот... Десетици илјади туристи, навивачи се забавуваат,...

Џафери: Имаме заедничка татковина и одговорни сме да ја зачуваме и да ја развиваме

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање на Мечкин камен во Крушево по повод Денот на републиката, рече дека во овие 26 години државата поминала низ повеќе премрежиња и кризи, но духот на заедништво и на соживот не е нарушен. Тој рече дека темелите на тој соживот постојат и во Крушeвскиот манифест. - Ние имаме една заедничка татковина и...

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемуваат ставки за договорни услуги, се крати за граѓаните

Владата на СДС спроведе ребаланс на буџет од кој јавноста виде дека ќе се зголемуваат ставки за договорни услуги, ќе се отвора простор за партиски вработувања, но затоа ќе се кратат средства за градинки, пензионерски домови и за дневни центри за згрижување на деца со посебни потреби, изјави на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма...

Мадуро смета дека ЦИА сака да го симне од власт

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, побара од владите на САД, Мексико и на Колумбија објаснување за нивната наводна улога во заговорот на ЦИА против него. - Барам од претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги разјасни навредливите зборови на директорот на ЦИА, кој себеси се смета за светска сила – изјави Мадуро на воена церемонија. Тој го обвини директорот на ЦИА, Мајк Помпео,...

ФРОДЕМ: Опозицијата се сведе само на негирање

Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) ги повика добронамерните членови на ВМРО-ДПМНЕ „во наредниот период да се воздржат од вплеткување во манипулативни игри на Груевски и на врхушката за спасување на сопствената криминална кожа“. „Опсесивниот, секојдневен притисок за вклучување на партиски лица во јавните реакции не е ништо друго туку „димна завеса“ која треба да создаде привид на божемна опозициона активност....

Бочварски: Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошења

Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните и со него, ќе се обезбедат пари за трајно решавање на проблемот на стечајните работници, околу 70.000 граѓани веќе од септември ќе добијат повиска минимална плата од 12.000 денари, ќе се зголемат средствата за подигнување на ученичкиот стандард и повисоки стипендии и школарини, порача потпретседателот на СДСМ,...

Заев до амбасадорите од ЕУ: Ќе соработуваме со опозицијата, со претседателот и со НВО

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска денеска во Владата се сретнале со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, при што нагласил дека заради подобрата иднина на земјата и на сите граѓани, власта ќе соработува со опозицијата, со претседателот на државата и со граѓанскиот сектор. Средбата се одржува три дена пред првата официјална посета на на...

ОМД го поздрави формирањето на новата влада и побара одговорно владеење

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи вчера во Македонија и на новата влада ѝ посака многу успех во извршувањето на должностите. „Следејќи ја 13-годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт за афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна...

Јанева: ВМРО-ДПМНЕ преку криминал и уцени останувала на власт од лукративни причини

Во последните 10 години, владејачката партија го злоупотребила избирачкиот процес од лукративни мотиви за да остане на власт, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за „Дојче веле“. - Моралните вредности во македонското општество се изместени. Тоа го видовме со самиот начин на владеење во последните 10 години и го слушнавме и од јавно објавените, а го слушаме и од...

Вистината за настаните во Диво Насеље ќе излезе на видело, порачуваат од СДСМ

Вистината за случувањата од 9 мај 2015 година во Куманово мора да излезе на виделина и случајот ќе биде расчистен докрај, се вели во реакцијата на СДСМ на утринското соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со настаните од 9 и од 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, каде загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. „Тоа е должност кон семејствата...

Заев: Како премиер, најпрво ќе преземам мерки поврзани со интересите на граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека до крајот на месецот очекува да стане премиер и првите мерки што ќе ги преземе новата влада ќе бидат поврзани со интересите на граѓаните. Тој во интервјуто зборува за реформите кои се предвидени со новата програма, но и за претстојните локални избори. „Едно решение кое мораме да...

Дачиќ: Заев брутално и скандалозно ја навреди власта во Србија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска остро го критикуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради неговата изјава за српски „Курир“, во која вели дека во Србија владее националистички раководство. - Не знам со што Александар Вучиќ и владата на Србија го заслужија овој брутален и скандалозен напад од претендентот за местото македонски премиер, Зоран Заев. Зар не...

Заев за БГНЕС: Противникот не е подготвен да ја предаде власта, треба многу трпение

„Очекувам демократските процеси во државата да се одвиваат во согласност со Уставот, деловникот и со законите. Тоа значи новоизбраниот претседател на Собранието да ги добие печатите, неговиот избор да биде објавен во „Службен весник“ и потоа тој да испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов за да го даде мандатот за формирање нова влада“, изјавил лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...