fbpx
Таг: буџет

таг: буџет

Со ребалансот, повеќе пари за Уставен суд, МВР и за Агенција за разузнавање

Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има кратење на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставниот суд, Министерството за внатрешни работи, како и со Агенција за разузнавање. Така, на пример, во буџетот за 2016 година предвидените средства за Уставен суд се 35.945.000 денари, а со предлог-ребалансот таа сума изнесува 36.645.000 денари. Во буџетот...

Ребаланс: Помалку пари за капитални инвестиции, повеќе за плати

Намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и зголемување на дефицитот од 2,1 милијарди денари се предвидува во предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година. Сумата предвидена за капитални инвестиции се намалува од предвидените 412 милиони евра на 366,9 милиони евра. Од друга страна, пак, предвидено е зголемување на средствата за плати и за надоместоци од 423 милиони евра на 431...

СДСМ: Најавениот ребаланс на буџетот е погубен за Македонија

Единствената цел на новиот ребаланс на буџетот е создавање услови и атмосфера за ново задолжување преку еврообврзница, а новиот министер за финансии, Кирил Миноски, треба да знае дека тој носи директна одговорност со ставањето на сопствениот потпис за ново огромно задолжување на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ за предлог-ребалансот на буџетот што синоќа на седница го усвои Владата. „За...

Владата усвои предлог-ребаланс на буџетот

Владата вечерва на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието. Министерот за финансии, Кирил Миноски, вечерва на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти на 2,3 проценти. Со ребалансот, приходите се намалуваат за 2 проценти или за 3 милијарди денари, а расходите...

Законски измени за одговорност за шпекулантите со економски информации

Гувернерот Димитар Богов најави дека Народна банка ќе побара измени во законската регулатива за одговорност на лицата и на медиумите кои шират шпекулаци кои можат да го загрозат банкарскиот сектор и да предизвикаат негативни економски последици. Богов ова денеска го истакна на Комисијата за финансирање и буџет, а поводот се априлските шпекулации за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот...

Министерот за финансии Миноски најави ребаланс на буџетот

Министерот за финансии, Кирил Миноски најави ребаланс на буџетот поради политичката неизвесност која според него, сигурно ќе има ефект врз економијата и економската активност. - И покрај здраво поставените економски политики, политичката криза почна да ги дава резултатите. Поради тоа треба да се направат корекции во државната каса и ние тоа ќе го направиме. Ребалансот ќе биде одговор на ефектите...

Секоја година ли ќе се задолжуваме со 500 милиони евра?

Сега веќе знаеме дека новата еврообврзница треба да изнесува 230 милиони евра за да се достигне сумата од 500 милиони евра, колку што требаше да изнесува ланската, но од која тогашниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, ги исече токму овие најавени 230 милиони евра и на крај задолжувањето изнесуваше „само“ 270 милиони евра, пишува „Вистиномер“. Оваа сума тогаш...

СДСМ: Дали криминалната власт крои нов ребаланс на буџетот?

„Во првите четири месеци од оваа година, капиталните инвестиции имаат катастрофална реализација од само 68 милиони евра. За да го прикрие колабираниот буџет, министерот за финансии Зоран Ставрески повторно ќе крати кај развојната компонента на буџетот, капиталните инвестиции“, се вели во соопштението на СДСМ. Според опозициската партија, секоја година жртва на погрешно проектираните буџети се токму капиталните инвестиции. - Никола Груевски со своите...

Фити: Приливите се намалуваат, малаксува оптимизмот, а проекциите најавуваат рецесија!

Ќе има потреба од ребаланс на буџетот бидејќи приливите се намалуваат, оцени претседателот на МАНУ, академик Таки Фити во рамките на научната конференција „Република Македонија на патот кон Европската Унија 2020 ­ искуства, предизвици и перспективи“. Според него, новите проекции на Народна банка за економски пораст од само 1,6 отсто, јасно покажуваат дека ќе има рецесија. - Политичката криза го малаксува...

ВМРО-ДПМНЕ: Средствата од ДХВ се за финансирање на редовните расходи од буџетот

„Уште во 2003 година, тогашниот министер за финансии има донесено стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност, во која се вели дека државните хартии од вредност (ДХВ) ќе ѝ помагаат на Владата за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит, и истовремено за...

Медведев: Ќе се вратиме на тригодишно планирање на буџетот

Русија ќе се врати на тригодишно планирање на буџетот, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев. - Ќе се вратиме на тригодишно планирање на буџетот. Тоа ни пружа појасна визија за перпективите – изјави Медведев во обраќањето пред државна Дума. Тој, исто така, истакна дека Русија не планира да печати нови банкноти со кои ќе се финансира буџетскиот дефицит, како и тоа дека...

Јанева: Од 2008 до 2015 година огромни суми од буџетот се одлеале во приватни џебови

„Има сериозни индиции дека од 2008 до 2015 година, на незаконски начин од буџетот во приватни џебови се одлеале огромни суми пари. Во овој момент нема да кажам за колкави суми станува збор, но станува збор за вртоглави износи“, рече на денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа истакна дека никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, дека...

Ребаланс на буџетот ќе го реши штрајкот на беровските комуналци

Преку ребаланс на општинскиот буџет, ќе се решаваат долговите на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово, чии работници веќе четврти ден штрајкуваат, барајќи ги неисплатените четири плати. Ова е одлуката на синоќешната вонредна седница на Советот на Општина Берово. Зголемување на цените на водата и на другите комунални услуги, исто така, според претседателот на Советот, Јован Матеничарски, е едно од можните...

Општините мал дел од буџетот го реализираат за капитални инвестиции

Стапката на реализација на капиталниот буџет од страна на општините за 2015 година е многу мал и кај некои општини изнесува дури помалку од 30 процнети. Кај реализацијата на оперативниот дел од овој буџет, односно плати и намирување на други тековни трошоци, таа стапка е многу повисока и изнесува од 80 до 89 процнети. Ова се однесува на 24 општини од осум...

Партиите потрошиле по 50.000 евра на отворање канцеларии и на митинзи

Најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, потрошиле околу 50.000 евра на одржани митинзи, средби со граѓани, новоотворени канцеларии, интерни огласувања од почетокот на годината до 7 март. Најголем дел од средствата, владејачката партија ги потрошила на отворање нови канцеларии покрај веќе постојните во 24 градови, додека СДСМ најголем дел од парите ги потрошил на митинзи, средби со граѓани, интерни огласувања....

Наместо планираните 76, државата се задолжи со 81 милион евра

Наместо првично планираните 75,76 милиони евра, државата се задолжи 81 милион евра кај домашните кредитори. За ова поголемо задолжување реагираше и дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов. - Заклучно со денешната аукција, нето-долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните која е основата за овие задолжувања. Дали овие средства планира да ги „истури“...

ТМ: Владата не се откажува од непродуктивното трошење на буџетот

„На почетокот на 2016 година, предизборните трошења се сè поголеми. Владата и Министерството за финансии, иако се соочуваат со очигледни проблеми во обезбедувањето на финансиската стабилност на буџетот, не се откажуваат од непродуктивните трошења од државната каса. И транспарентноста за трошењето е на доста ниско ниво“ се вели во најновиот билтен на „Транспарентност Македонија“ за состојбите со корупцијата во...

Еден домашен денар го зголемува БДП колку два денари странски инвестиции

Еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Ова значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување...

Ренци: Помалку пари за тие што не се солидарни во кризата

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупредил источноевропските лидери дека ЕУ би можела да им ги намали паричните средства што им ги дава за развој на сиромашните региони доколку не помогнат во решавањето на бегалската криза, наведуваат учесници на самитот на европските лидери во Брисел. - Миграциската криза е заеднички проблем на сите земји-членки на ЕУ. Ако не покажете солидарност, тогаш земјите...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави пустош зад себе

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, и СДСМ продолжуваат со притисоците од деструктивна природа кои имаат единствена цел да го попречат нормалното функционирање на Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на Наумов. „СДСМ и Кире Наумов прават сè за да го спречат спроведувањето на законот за буџет. Аукциите на државни хартии од вредност се предвидени со буџетот за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...