fbpx
Таг: буџет

таг: буџет

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на буџетот

Собранието денеска ја продолжува 111. седница, на која на дневен ред е продолжението на расправата по дополнетиот предлог за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Освен ребалансот на буџетот, пратениците ќе ги разгледуваат и предлог-одлуките за објавување јавен оглас за именување претседател, заменик-претседател и заменик-член на Комисијата за решавање жалби во областа на енергетиката,...

Миноски: Со еврообврзницата се обезбеди ликвидност на буџетот

Средствата од еврообврзницата нема да се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната, а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на долговите, истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во вестите на телевизија „Сител“. Тој појасни дека „благодарение на вчерашното издавање на еврообврзницата обезбедени се неопходните финансиски средства со што има целоснa ликвидност на буџетот.“ Според него,...

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско...

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари годинава, што е за шест милијарди долари помалку од очекуваното, соопшти канцеларијата за управување со буџетот на Белата куќа. Според новите проекции, дефицитот ќе изнесува 3,3 отсто од домашниот бруто-производ. Сепак, прогнозираниот дефицит е за 162 милјарди долари поголем од минатогодишниот. Администрацијата на претседателот Барак Обама предвидува дека економијата во САД...

Власта на Груевски го урна достоинството на професионалните војници, обвини СДСМ

Власта на Никола Груевски ја колабира одбраната на Република Македонија и го урна достоинството на професионалните војници и старешини, обвини денеска на прес-конференција членот на извршниот одбор и претседател на комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски. Тој истакна дека со новниот ребаланс на буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги скратила парите предвидени за одбраната. „Од 2006 година до денеска власта на...

СКСМ: Еврообврзницата е за задржување на социјалниот мир, а не за развој на економијата

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) изрази загриженост по повод намерата на државата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра и смета дека тие пари се за купување социјален мир, а не за внесување свеж капитал во стопанството. Според СКСМ, еврообврзницата ќе се искористи за покривање на тековните обврски, односно за исплата на плати и на пензии, а...

ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата e одговор на политичката криза предизвикана од СДСМ

„Еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори. Оваа еврообврзница е внесување на свеж капитал во земјата, кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи. Како што може да се заблежи во објавата на „Службен...

Расправа за предлог-ребаланост на буџетот без опозиција

Расправата за предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година почнува денеска на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и зголемување на дефицитот од 2,1 милијарди денари се предвидува во предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година. Сумата предвидена за капитални инвестиции се намалува од предвидените 412 милиони евра на 366,9 милиони евра. Од друга страна, пак,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема концепт за на граѓаните да им понуди конкретни проекти

СДСМ продолжува со својата деструктивна политика базирана на манипулации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец. Од владејачката партија обвинуваат дека СДСМ никогаш немал аргументи, ниту капацитет на граѓаните да им понуди конкретни проекти со кои би ја обезбедил нивната поддршка. „Затоа Хари Локвенец и овојпат доби задача со лаги да ги покрива фактите и безидејноста во...

Пратениците ја усвоија завршната сметка за буџетот за 2015 година

Собранието ја усвои завршната сметка на буџетот на Македонија за 2015 година. Според министерот за финансии, Кирил Миноски, „остварен е пораст повисок од предвидениот, извозот бележи пораст во однос на увозот, а стапката на невработеност е намалена на најниско ниво досега, односно на 24,6 проценти.“ Пратениците ја усвоија завршната сметка за буџетот без присуство на опозицијата. Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на...

Локвенец: Владата не сака да штеди на своето чоколадо, туку на лебот на грѓаните

Завршната сметка на буџетот на Р.Македонија е само уште еден доказ за лошото, недомаќинско планирање и реализирање на фискалните и за лошите економски политики на власта во 2015 година, обвини пратеникот Хари Локвенец, на денешната прес-конференција во Собранието. Тој рече дека и со овој буџет, како и со сите претходни од 2008 година, Владата ги задолжила граѓаните и стопанството за...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година денеска пред пратениците

Пратениците на денешната 108. собраниска седница ќе расправаат по завршната предлог-сметка на буџетот за 2015 година. Министерот за финансии, Кирил Миноски, неодамна ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за...

Тунтев: Власта крати средства за основните потреби на граѓаните

„Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги осиромашува и да го кочи развојот на економијата. Со ребалансот на буџетот се кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции“, изјави пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, на денешната прес-конференција. Според него, во првиот квартал реализирани се само 13 проценти од предвидените инвестиции во инфраструктурата. - Само за пример,...

Поцков: Со ребалансот скратени 15 милиони евра за земјоделски субвенции

„Со последниот ребаланс, буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој е намален за 912 милиони денари. Тоа се 15 милиона евра помалку пари за субвенции за земјоделците“, изјави пратеникот на СДСМ, Сашко Поцков. Тој потсетува дека во последните пет години на земјоделците им се скратени повеќе од 140 милиони евра за субвенции. - Годинава се кратат многу пари...

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска ѝ слугува на фабриката за афери на СДСМ

Јагода Шахпаска е најдобар пример за тоа како се уништува професионалниот интегритет на еден доктор, во моментот кога таа одлучила да им слугува на фабриките за афери на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јагода Шахпаска. „Кога Шахпаска треба да биде портпарол на „клиниката за некрофилија во СДСМ“, единствената клиника што СДСМ ја направиле во здравството и е сместена...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година пред Комисијата за финансирање и буџет

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година, пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за 2015 година, државниот долг изнесувал 38 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Во првите четири месеци од...

Шахпаска: Груевски и Тодоров имаат пари за мебел, но не и за здравјето на граѓаните

Пратеничката Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција во Собранието обвини дека смртните случаи во болниците се сè почести, а власта со ребалансот на буџетот го намалува обемот на средства за Министерството за здравство. - Новороденчиња  умираат, родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина, а власта на...

ДПА: Малкуте буџетски средства за Aлбанците ДУИ ги претвoра во ништо!

Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА денеска на прес-конференција во Собранието рече дека антиалбанскатa владина политика на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, најјасно се гледа при донесувањето на буџетите и на буџетските ребаланси. Според Фазлиу, единствениот случај каде Албанците се дискриминирани повеќе отколку при донесувањето на државниот буџет, се случува кога се носи буџетскиот ребаланс. - Со ребалансот на буџетот, и оние неколку проекти предвидени...

Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален бидејќи нема датум за избори

Намалувањето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено датум за одржување избори, велат од Министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари. Од повеќе од 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари. - Кога се правеше и се усвојуваше...

По кратењето на буџетот на ДИК: Ќе има ли избори годинава?

Владата со ребалансот на буџетот за оваа година, за 400 милиони денари го скрати буџетот на Државната изборна комисија, што го отвори прашањето дали оваа година воопшто се планираат избори. На почетокот на годинава, кога пратениците го усвоија буџетот, за ДИК имаше предвидено повеќе од 531 милион денари, а со ребалансот, за кој пратениците ќе треба да гласаат идната недела во Собранието,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...