fbpx
Таг: бизнисмени

таг: бизнисмени

Пет премиери од регионот и 100 бизнисмени на „Самитот 100“ во Скопје

Шестиот годишен „Самит 100“ за бизнис-лидери од Југоисточна Европа ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври. На овој настан ќе учествуваат 100 реномирани бизнис-лидери, пет премиери на држави во регионот - Албанија, Црна Гора, Косово и Хрватска, Македонија - како и претставници од Европската комисија. Претседателот на управниот одбор на „Самит 100“ и генерален директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов,...

Немало прислушување политичари и бизнисмени во Хрватска, вели министер од БИХ

Директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска, Даниел Маркиќ, денеска се сретнал со својот колега од БИХ, Осман Мехмедагиќ, откако хрватските медиуми објавија дека Разузнавачко-безбедносната агенција на БИХ (ОСА) прислушувала хрватски бизнисмени и политичари од Хрватска и од БИХ. По средбата, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, рече оти челниците на разузнавачките агенции на БИХ и на Хрватска...

Бизнисмените од дијаспората ќе помогнат во економскиот развој на Македонија

Премиерот Зоран Заев, придружуван од шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и од министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, во Њујорк се сретна со претседателот на групата „Македонија 2025“, Роберт Арсов, познатиот бизнисмен од дијаспората, Џон Битов, како и со повеќемина други претставници на оваа група, соопшти владината прес-служба. - Владата на Република Македонија се отвори кон сите...

УЈП објави нова листа на должници

Управата за јавни приходи (УЈП) објави нова листа на должници за долгови доспеани до 31 април и неплатени до 31 јули, на основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојни вршители на дејност и...

Мерко во прва официјална посета на Албанија, ќе ги претстави можностите за инвестирање

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Рамиз Мерко, од денеска е во прва официјална посета на Албанија, каде што ќе престојува до 4 август. Мерко ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претставници на стопанските комори и со бизнисмени на кои ќе им го претстави моделот за привлекување странски инвестиции. Во делегацијата што ја предводи Мерко се...

Арсовска: Бизнис-мерките што ги испорачавме се приоритетни, ги баравме и претходно

Владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев изминатиот период оствари средби со претставниците на стопанските комори во државата, за да се запознае со барањата на бизнисмените и да се увиди потребата од носење итни мерки за подобро функционирање на бизнисот. Вчера тие одржаа средба со Стопанска комора на Северозападна Македонија, а претходно имаа деловен појадок со Сојузот на стопански комори...

Заев – Багиров: Азербејџански бизнисмени гледаат потенцијал за инвестирање во Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Азербејџан за Македонија, Фаик Багиров. На средбата било разговарано за соработка на економски план, а Багиров му соопштил на Заев дека имало повеќе азербејџански бизнисмени кои гледаат потенцијал за инвестирање во Македонија. Премиерот Заев се заблагодарил за добрата соработка помеѓу Македонија и Азербејџан и најавил нејзино понатамошно развивање во областа на трговијата, економијата,...

Заев најави поволности за домашните компании какви што имаат странските

На деловниот појадок со владиниот економски тим, предводен од премиерот Зоран Заев, Сојузот на стопанските комори (ССК) испорача пакет од 75 економски мерки. Мерките, како што истакна претседателката на ССК, Данела Арсовска, се во насока на спроведување на структурните реформи и подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување во земјава. Според неа, од особено значење за бизнис-заедницата е ефикасноста на администрацијата на...

Заев и економскиот тим на Владата на средба со бизнис-заедницата

Премиерот Заев и економскиот тим на Владата денеска имаа работна средба со повеќе од 200 претприемачи, бизнисмени и стопанственици, во организација на Сојузор на стопански комори на Република Македонија. Од кабинетот на премиерот соопштуваат дека Заев ги слушнал барањата и предлозите на стопанствениците и изразил цврста определеност на Владата да ја интензивира соработката со бизнис-заедницата, како и одлучноста низ заемна консултација...

Италијанската полиција уапси 69 лица за корупција и за местење тендери

Италијанската полиција во Неапол уапсила 69 лица, меѓу кои политичари и бизнисмени, за време на акцијата против мафијашката организација Казалези. Обвинети се повеќемина претприемачи во градежништвото, за местење тендери и за корупција. Обвинителството и финансиската полиција ги истражуваат договорите склучени помеѓу властите и компаниите што требало да градат музеи и нов крематориум. Според италијанските медиуми, меѓу уапсените се наоѓа и еден угледен археолог, како...

Во хеликоптерска несреќа во Турција загинаа турски и руски бизнисмени

Во Турција, во пад на хеликоптер кој превезувал видни бизнисмени, загинаа пет лица. Како што јавуваат локалните медиуми, несреќата се случила откако леталото удрило во телевизиски предавател и се урнало на автопат. Од компанијата „Кугу Хавачилик“, која е инволвирана во издавањето лиценца за хеликоптери, соопштија дека леталото било сопственост на фармацевтската компанија „Ецзацибаси“, од која засега нема реакција. Хеликоптерот полетал од...

Амбасадорот Гарет го поддржа формирањето на Клубот на одговорни бизниси

Претставници на педесетина домашни компании формираа Клуб на одговорни бизниси, а членувањето во клубот ќе им овозможи здружено, во партнерство со граѓанскиот сектор и со институциите, да дадат посилен одговор и за најголемите општествени предизвици. „Ваквиот начин на здружување и на партнерство на бизнисот со граѓанскиот сектор во Британија се практикува веќе 30 години. Водејќи се од успехот на оваа...

Тројца кинески рудари пронајдени мртви во рудникот Булќиза во Албанија

Три лица, рудари од Кина, се пронајдени мртви во рудникот за хром во албанскиот град Булќиза, јавува дописничка на „Мета“ од Тирана. Со овој рудник стопанисува Самир Мане, еден од најбогатите бизнисмени во Албанија. Но, за рудникот постојано има обвинувања дека рударите работат во небезбедни услови. Тие досега протестираа двапати, поради смрт на нивни колеги. Според пишувањата на албанските медиуми, повеќе од 30 рудари...

Половина од светското богатство е во рацете на осум луѓе, тврди „Оксфам“

Имотот на најсиромашните 3,6 милијарди лица или половина од светската популација е еднаков на вкупната нето-вредност на имотот на осум лица и тоа ниво на нееднаквост би можело да ги разори општествата, предупреди британското хуманистичко здружение „Оксфам“. Во пресрет на годинешниот собир во Давос, здружението вели дека станува збор за шест американски, еден шпански и за еден мексикански бизнисмен. Осумте милијардери...

СКСЗМ: Економскиот развој за кој слушавме во 2016 година е пропаганда

Владата во 2016 година немаше конструктивен однос кон бизнис-заедницата и терминот „развој“ што постојано го употребуваше не е ништо друго освен кампања, изјавија од Стопанска комора на Северозападна Македонија, кои на прес-конференција дадода оценка за економијата во 2016 годинава и ги кажаа очекувањата во 2017 година на економски план. - Економскиот развој за кој толку многу слушавме повеќе е пропагандна политика...

Бизнисмените очекуваат институциите да функционираат и да се реши кризата

Домашниот бизнис во текот на 2016 година, поради политичката криза и нефункционирањето на институциите, изгуби драгоцено време и можност да оствари позначителен пораст. Ова, меѓу другото, беше кажано на дискусијата на седницата на управниот одбор на Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), на која се оценуваше годината што изминува и воедно се даваа предлози што ќе бидат доставени до Владата и...

Бизнисмените ја поддржуваат работата на СЈО

Немаме поплаки од наши членови дека биле прислушувани и дека тоа на некој начин им се одразило врз бизнисот, одговори претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, на новинарско прашање во врска со последниот случај „Таргет“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а се однесува на незаконското прислушување политичари, бизнисмени и граѓани. - Немаме информации во тој дел,...

Иванов и Николиќ ги повикаа бизнисмените од двете држави да соработуваат повеќе

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги повикал српските бизнисмени да инвестираат во Македонија, а македонските бизнисмени да соработуваат со нивните колеги од Србија, бидејќи тоа придонесува за економско зајакнување на регионот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. На отворањето на бизнис-форумот Србија – Македонија во Стопанската комора на Србија, на кој учествувале 200 бизнисмени од двете земји, Иванов истакнал дека трговската...

Македонско-чешки бизнис-форум ќе се одржува во Охрид

Македонско-чешки бизнис-форум на кој е најавено учеството на познати чешки бизнисмени и на претседателите на Чешка, Милош Земан, и на Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржува во Охрид. Пред собирот и во функција на негова подготовка, во Охрид имаа средба градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, директорот на одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт, амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш,...

Два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании

Само два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании, околу 32 проценти се жени во претприемништвото, а помалку од четири отсто се жени сопственици на бизнис. Ова денеска го истакна членката на управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССК), Тања Дејаноска. – Жените имаат мала финансиска поддршка за почнување сериозен бизнис. Тие можат да придонесат многу...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...