fbpx
Таг: активисти

таг: активисти

Утре завршна конференција на проектот „Навивај без омраза“

Проектот „Навивај без омраза“, кој беше спроведен од 10 млади активисти, новинари и студенти, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Албанија, ќе се финализира утре на прес-конференција која ќе се одржи во „ГЕМ-клубот“ со почеток во 14 часот. Притоа ќе бидат презентирани активностите на проектот, како што се влијанието на социjалните мрежи во спречувањето на говорот за...

Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Драчево и кај пазарчето, пред здравствениот дом, го поделија бесплатниот весник. „Пазарџиите се жалеа на слабата куповна моќ и на давачките, купувачите се жалеа дека и покрај ниските цени не можат да си дозволат да го купат тоа што им е потребно. Поголемиот дел од малите плати ги трошат на...

Богоевски и Васиљ бараат Спасов да си поднесе оставка, а МВР да го расветли случајот

Граѓанските активисти Павле Богоевски и Влатко Васиљ денеска на прес-конференција го повикаа дополнителниот заменик-министер за социјална политика, Диме Спасов, да си поднесе оставка поради вчерашните случувања. Богоевски рече дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата што му помогнале да го прикрие делото. - Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие што треба да ги...

Иницијативата за слободни избори ги повика младите да излезат и да гласаат на изборите

Граѓанските здруженија обединети околу иницијативата за слободни избори денеска пред Собранието го најавија почетокот на акцијата „Ние одлучуваме“, која треба да ги информира, да ги мотивира и да ги охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Акцијата, како што соопштија денеска на прес-конференција пред Собранието на Република Македонија дел од организаторите, исто така ќе ги регистрира...

Албанскиот претседател го врати законот за увоз на отпад во парламентот

Албанскиот претседател, Бујар Нишани, денеска донесе правен акт со кој бара парламентот повторно да го разгледа законот за увоз на отпад. Во документот се наведува дека законот за увоз на отпад повеќекратно го крши уставот на Албанија. Одлуката на Нишани следува по консултациите со активистите од граѓанските организации, како и со претставниците на компаниите за рециклирање. Средбата се одржа откако илјадници...

Време е да му се вратат слободата и власта на народот, порачаа учесниците на маршот

Се излеавме илјадници денеска во Скопје, на Денот на антифашистичката борба, и марширавме во чест на сите партизански одреди и во чест на сите паднати борци, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во обраќањето на крајот на граѓанскиот марш, кој денеска се одржа под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“. - Нивната борба за слобода денеска е и наша борба за...

Неколку илјади граѓани со знамиња и со транспаренти маршираат за слобода

Неколку илјади граѓани со знамиња и со транспаренти, денеска излегоа на улиците на Скопје и се приклучија на маршот за одбележување на Денот на востанието - 11 Октомври, кој се одржува под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“ На чело на маршот, кој почна пред новите канцеларии на Специјалното јавно обвинителство на улицата Франклин Рузвелт, беше раководството на СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, министерот...

Граѓанските организации од Струмица направија пародија на проектот 140 градинки

Граѓанските организации од Струмица денеска направија пародија на проектот за изградба на 140 детски градинки, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го најави минатата недела. На настанот тие кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ветува, а владата исполнува, па оттука ја пуштиле првата од 140 ветени градинки која ја нарекоа „Трета радост“. - Ние ќе направиме детски градинки во сите населени места, бидејќи во...

Судењето за активистот Богоевски одложено за 14 ноември

Судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 14 ноември затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура. - Обвинителниот предлог не само што е повик за политички мотивиран прогон на луѓе што протестираат, туку е и катастрофално лошо подготвен и правно неиздржан. Обвинителството се дрзна да поведе постапка без претходно...

Албанската полиција уапси активисти за заштита на животната средина

Албанската полиција уапси двајца активисти за животна средина поради испишување на името на премиерот Еди Рама на контејнери за ѓубре. Откако собранието пред два дена го усвои Законот за увоз на отпад, активистите Клоди Лека и Бислим Лакна на социјалните мрежи повикаа на кампања за „украсување на контејнерите“ насловена „Декорирајте го вашиот град, посвојте канта за ѓубре“. Во меѓувреме, на социјалните...

СДСМ: На сите им е јасно какви злоупотреби се прават со социјалните станови

Никола Груевски единствено интензивно го уништуваше стандардот, животот и спокојот на граѓаните на Македонија, обвинуваат од опозицискиот СДСМ. Од партијата велат дека залудно е сега, по 10 години, Груевски лажно да ветува покрив над глава или парче леб за ранливите категории. „Граѓаните не му веруваат на Груевски. На сите им е јасно како оди распределбата на социјалните станови и какви злоупотреби...

„Але, кај е градоначалнико Талески“, прашуваат битолчани

Најпоставуваното прашање меѓу битолчани последните недели е „Але, кај е градоначалнико Талески?“ По герила- акцијата со лажните евра со ликот на Талески, градоначалникот на Битола, кој претходно често излегуваше пред камери, сега со денови го нема во јавноста. Битолчани веќе ги бројат настаните каде Талески задолжително се појавуваше, а годинава ги заобиколи. Без присуството на Талески, остана свеченото осветување на новиот...

Нема да нè заплашат со притворот на соборците, порачаа граѓаните на протестот

Неколку стотини граѓани денеска по 15. пат неформално се собраа на протест пред Специјалното јавно обвинителство. Иако граѓанската иницијатива „Протестирам“ за денеска не закажа протест, сепак граѓаните спонтано дојдоа да го искажат својот револт против одлуката на претседателот Иванов да помилува политичари и ниви блиски соработници. Протестот се одржа само пред просторите на СЈО, а дел од граѓаните и активистите...

Грција воведува построга контрола на странските НВО што дејствуваат во бегалските кампови

Грчката влада планира зголемување на контролата на невладините организации по инцидентите на Идомени. Владата подготвува нацрт-закон, кој ќе биде поднесен до собранието на гласање за да се воспостави поголема контрола над тоа кои се активистите што доаѓаат и дејствуваат во Идомени. Идејата е министерството за цивилна заштита да врши контрола над невладините организации и над нивните активности. Секоја странска невладина организација...

Ако утре не го пуштат Бошкоски, директорот на затворот ќе добие кривична пријава

Адвокатот Констатин Кратовалиев очекува Љубе Бошкоски утре да го напушти затворот „Идризово“, а доколку тоа не се случи, тој најавува дека ќе поднесе кривична пријава до обвинителството против директорот на затворот, Живко Пејковски, кој треба да го потпише решението за ослободување на Бошкоски. Кратовалиев го посетил Бошкоски, чиј бранител е, во затворот, додека неколку десетици граѓани, членови на Обединети за...

Граѓанските здруженија ја промовираа акцијата „Заслужуваме подобро“

Граѓански активисти и невладини здруженија денеска напладне ја почнаа акцијата „Заслужуваме подобро“. На штанд поставен пред спомен-домот на Мајка Тереза, активистите делеа летоци на кои е објаснето зошто граѓаните секогаш треба да побараат повеќе. Активистот Никола Писарев вели дека веруваат во капацитетите на општеството и во разумот на граѓаните. - „Заслужуваме подобро“ е граѓанска акција во која ние, граѓаните, зборуваме за...

Во Словенија илегално влегле 1.100 мигранти

Словенечката полиција соопшти дека утрово, од Хрватска во Словенија илегално влегле повеќе од 1.100 бегалци. Тие биле сместени во прифатните центри, јавува словенечката агенција СТА. Според словенечките официјални лица, оваа бројка на бегалци не е конечна. Исто така, десетици бегалци се повредени синоќа, кога словенечката полиција фрлила солзавец врз групата бегалци кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на границата меѓу...

Дерала: Се чувствувам како да сум силуван

Ниту еден од прислушуваните активисти што денеска од лидерот на опозицијата добија папки со снимени прислушувани разговори, не е изненаден што и нивните телефонски броеви се нашле на листата за прислушување. Велат дека чувството кога знаеш дека некој друг има дел од твојата интима е крајно непријатно и најавуваат кривични пријави за тие што снимале. Бојан Маричиќ - Македонски центар за европско образование: Ова...

Опозицијата, граѓани и активисти повторно маршираа и бараа оставки од власта

Претставници на најголемата опозициска партија СДСМ, граѓани, активисти и луѓе од кампот поставен пред зградата на Владата, вечерва со получасовен протест и со марш го искажаа својот револт од политиките на актуелната власт и побараа нејзина оставка, јавува „Нова ТВ“. - Сакаме со овој протест да ги потсетиме премиерот и министрите дека надвор им се случува огромен револт - изјави...

Египет: 230 лица осудени на доживотен затвор

Египетскиот суд осуди 230 лица на доживотен затвор поради учество во судирите во 2011 година. Меѓу 230 осуденици се наоѓа и секуларниот активист Ахмед Дума, еден од организаторите на протестите пред четири години, кој веќе издржува тригодишна затворска казна поради кршење на драконскиот закон за протести. Судската одлука е најтешка досега изречена пресуда против секуларните активисти кои ги предводеа масовните протести...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...