fbpx
Таг: авион

таг: авион

Исчезна воен авион со 116 лица во Мјанмар

Воен авион исчезна од радарот на Мјанмар, соопшти шефот на војската на таа земја, а аеродромски извори наведуваат дека во авионот имало 116 лица, односно 105 патници и 11 членови на екипажот. Комуникацијата со леталото ненадејно прекинала околу 13.35 часот (9.05 часот по централноевропско време), рече генерал Мин Аунг Хлаинг. Контактот со авионот е прекинат додека ја надлетувал областа Давеиј, на...

Јапонски воен авион исчезна со четиричлен екипаж

Јапонското министерство за одбрана испратило авиони и хеликоптери за да пронајдат авион со четиричлен екипаж, кој денеска исчезна на северот на Јапонија. Извидувачкиот авион исчезнал од радарите во близина на аеродромот Јакадате, на островот Хокаидо, додека се обидувал да собере пациент во Хакодате, на барање на градоначалникот на градот, соопшти портпаролот на министерството. - Пративме четири хеликоптери и два авиона да...

Естонија соопшти дека авион во кој бил Лавров го нарушил нејзиниот воздушен простор

Естонија соопшти дека руски авион во кој, наводно, се превезувал шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, накратко го нарушил естонскиот воздушен простор. Советничката на естонскиот премиер, Кадри Петерс, на „Твитер“ наведе дека Лавров го нарушил воздушниот простор на земјата. „Лавров леташе во Финска за да разговара за безбедносниот воздушен сообраќај, но ајде притоа да го нарушиме естонскиот воздушен простор“, напиша Петерс. Лавров...

Во Куба се урна воен авион, загинаа осум војници

Кубански воен авион падна во провинцијата Аремиса на западот од Куба, а во несреќата загинаа осум војници, соопшти кубанската влада. Војската во писмено соопштение наведе дека авионот „ан-26“ од советско производство, полетал од аеродромот „Плаја Баракоа“ во 6.38 часот наутро по локално време и дека се урнал во близина на градот Канделарија, оддалечен 65 километри. Формирана е специјална комисија што ќе ја истражи несреќата.

Во авионска несреќа во Лисабон загинаа пет лица

Мал авион денеска се урна во населено место во Лисабон, во близина на супермаркет. Според пишувањата на медиумите, загинале пет лица, од кои четворица кои биле во авионот и едно лице кое се нашло на местото на несреќата. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот, кој е се наоѓа на дваесетина километри западно од Лисабон. Пилотот на авионот бил Швајцарец, а патниците Французи.

Авион се урна во Зимбабве, шест лица загинаа

Медиумите во Зимбабве објавија дека во пад на авион на истокот на земјата загинле најмалку шест лица. Според весникот „Хералд“, авионот кој бил со капацитет од осум патници паднал во планинската област Вумба. Локаните медиуми наведоа дека жртвите се директори на локана транспортна компанија и дека се враќале од деловен состанок во Мозамбик.

Во Турција пронајден пилотот на урнатиот сириски борбен авион

Турските власти денеска соопштија дека по девет часа спасувачка потрага, пронајден е пилотот на сирискиот борбен авион „миг-23“, кој вчера се урнал во близина на турско-сириската граница. Авионот се урнал на сириската страна на границата, но пилотот, кој се катапултирал, успеал да се спушти во Турција. Како што јавуваат турските медиуми, пилотот веднаш бил пренесен во болница, но засега не се...

Денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со повеќе настани денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар. Цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во авионска...

Авион се урна во трговски центар во Мелбурн, пет лица загинаа

Мал авион „бичкрафт“, во кој имало пет лица, се урна во трговски центар во близина на аеродромот „Есендон“ во Мелбурн. Агенцијата АФП пренесе дека од местото каде што се урнал авионот се издигнува густ црн чад. Трговскиот центар не бил отворен кога се случила несреќата. Австралиските власти не го соопштуваат точниот број на загинати, но потврдија дека во леталото што полетало од...

Авион удри во елен на аеродром во Северна Каролина

Патнички авион на компанијата „Американ Игл“ удрил во елен при обидот да полета од аеродромот во Шарлот, во Северна Каролина. Пилотот после судирот прогласил тревога, го откажал летот и го вратил авионот пред зградата на аеродромот, соопшти американската Федерална управа за авијација. - Од леталото протекло гориво поради оштетување на резервоарот на крилото, предизвикано од ударот во елен, рече портпаролката на...

Пронајдена и втората црна кутија од паднатиот руски авион

Втората црна кутија од рускиот патнички авион „ту-154“, кој во неделата се урна во Црно Море, е пронајдена и извлечена од морето, соопшти руското министерство за одбрана. Министерството наведе дека досега се пронајде телата на 17 жртви. Во потрагата учествуваат 45 бродови, 15 подводни дронови, 192 нуркачи, 12 авиони и пет хеликоптери. Вчера од морето беше извлечена една црна кутија од...

Авион во Индија излетал од пистата, повредени 15 лица

Авион на индиската авиокомпанија  „Џет ервејз“ се излизга од пистата на аеродромот во Гоа, на западот на Индија, а во инцидентот потешко се повредени 15 лица, соопштија индиските власти. Сите патници биле евакуирани, јавуваат индиските медиуми. Причината за несреќата сè уште не е позната, а во авионот кој во моментот на инцидентот се подготвувал да полета за Мумбај, се наоѓале 161...

Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна во Црно Море

Истражните тимови ја пронашле црната кутија од рускиот воен авион кој завчера се урна во водите на Црно Море, при што загинаа 92 патници и членови на екипажот, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации од лица вклучени во истрагата. Полициски извори за агенциите соопштиле дека црната кутија е извлечена на површина и наскоро треба да биде однесена од Сочи во...

Почина стјуардесата што го преживеа падот на авионот на ЈАТ

Стјуардесата на некогашната авиокомпанија ЈАТ, Весна Вуловиќ, позната по тоа што беше единствената што го преживеа падот на авионот над тогашната Шехословачка, почина во Белград на 67-годишна возраст. Како што пренесоа локалните медиуми, таа починала пред неколку дена, но нејзините пријатели го пронашле телото вчера, во нејзиниот стан во Белград. Весна Вуловиќ е запишана во Гинисовата книга на рекорди како единствена личност...

Киднаперите на либискиот авион бараат азил во Европа

Двајца Либијци кои киднапираа авион на домашна авиокомпанија и во петокот принудно го слетаа на Малта, бараат азил во Европа. Тие бараат и основање на нова политичка партија во чест на покојниот диктатор Моамер ел Гадафи, соопштија властите од Малта. Полицијата соопшти дека против нив ќе биде поднесено обвинение. Стручњаци за безбедност сè уште проверуваат дали во авионот има експлозив или некое...

Киднаперите на авионот на либиската компанија ги ослободиле патниците

Киднаперите на авионот на либиската компанија „Африка ервејз“, кој летал од Себа до Триполи, но беше пренасочен кон Малта, ги ослободиле сите 111 патници од авионот, пренесува „Тајмс оф Малта“. Сите патници, меѓу кои имало и жени и деца, успешно биле евакуирани од авионот. Премиерот на Малта, Џозеф Мискат, на „Твитер“ напишал дека сите членови на екипажот се ослободени, но дека во...

Се урна „боинг 727“ во Богота, еден патник го преживеа падот

Во падот на товарниот авион „боинг 727“ во Колумбија, загинаа пет членови на екипажот, а едно лице е тешко повредено, соопшти колумбиската цивилна авијација. „Пет членови на екипажот загинаа, а шестиот член е тешко повреден и веднаш е префрлен во најблиската болница“, наведе авијацијата. Авионот кој полетал од местото Пуерто Карено кон Богота, се урнал неколку минути по полетувањето. Во авионот биле само...

Руски воен авион принудно слетал при што се повредени 16 војници

Во несреќа при принудно слетување на руски воен авион со 32 патника и седум членови на екипажот, повредени се 16 војници во областа Сибир. „Сите патници и членови на екипажот се живи, а 16 лица се тешко повредени и се евакуирани во болница во Тикси“, соопшти руското министерство за одбрана. Авионот полетал од аеродромот „Колцово“, а слетал 27 километри од селото...

Пронајден уште еден преживеан фудбалер, 75 загинати во падот на бразилскиот авион

Колумбиската полиција соопшти дека 75 лица загинаа во падот на авионот кој ги превезувал фудбалерите на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Полицијата претходно соопшти дека загинале 76 лица, но, според новите информации, падот го преживеал уште еден патник, фудбалерот Хелио Зампијер Нето. https://twitter.com/Teleantioquia/status/803550767550500864 Авионот со 81 патник и членови на екипажот, кој патувал од Барзил кон Колумбија, се урна во близина на градот Медељин. -...

76 загинати во падот на бразилскиот авион со фудбалери

Колумбиската полиција соопшти дека 76 лица загинале во падот на авионот што ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Директорот на полицијата, Хозе Асеведо Оса, истакна дека пет од вкупно 81 патник преживеале, а акцијата за спасување е запрена поради силните врнежи на дожд. Тој соопшти дека едно лице починало во болница. Од службата за следење на цивилна авијација не ја потврдуваат...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...