fbpx

Тадиќ: Пуштете ја Македонија сама да ги решава своите односи

-

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија, Борис Тадиќ, денеска оцени дека Македонија треба да се остави сама да ги регулира своите односи и дека во овој момент треба „да се спушти топката“ затоа што во спротивно последиците би можеле да бидат катастрофални.

– Постојат тензии помеѓу поединечни политичари од Македонија и од Србија – размена на крошеа, боксерски речник. Мислам дека тоа е многу погрешно и спротивно на нашите заеднички интереси. Треба да се спушти топката и да се остави Македонија сама да ги регулира своите односи. Секое мешање и секој негативен или погрешен гест на соседните држави би можел да биде катастрофален, имајќи ја предвид запаливоста на моменталната ситуација – вели Тадиќ.

Поранешниот претседател на Србија оцени дека ситуацијата во регионот е опасна и дека особено внимание предизвикува тоа што ЕУ веќе не е толку силна и што нејзините институции се доведени во прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...