fbpx

Тачи порача дека глас даден за ДПА е глас за промени

-

Гласот даден за ДПА на 11 декември е глас за промени, порача лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на завршниот митинг на партијата во Куманово.

– Го барам вашиот глас да се избориме против злото и криминалот што го направи ДУИ во овие години на владеење. Го барам гласот на граѓаните за да бидеме помоќни во Собранието, каде што го имаме Орхан Ибрахими кој цело време се бори не за Мендух Тачи, туку за правата на Албанците и за нивната идеологија – рече Тачи.

Тачи порача дека доколку ДПА дојде на власт, тие ќе се борат еднакво за сите, и за оние кои нема да го дадат гласот за нив.

Носителот на кандидатската листа на ДПА во втората изборна единица, Орхан Ибрахими, го побара гласот на граѓаните и рече дека 11 декември е денот кога гласот за ДПА ќе значи инвестирање и работни места за сите во Куманово, а ќе значи и враќање на дигнитетот на Албанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...