fbpx

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

-

Кога правото зборува, политиката треба да молчи. Ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по распитот во Специјалното јавно обвинителство.

Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван.

Во СЈО сè уште е претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, Силвана Бонева, која, исто така, пристигна во 11 часот.

Според информациите, денеска на распит е повикан и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, но тој сè уште не е пристигнат во СЈО.

Нема официјални информации во врска со тоа за кој случај СЈО ги повика Тачи, Бонева и Ибраимовски, но неофицијално се шпекулира дека станува збор за случаите за изборни нерегуларности и манипулации, што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...