fbpx

Тачи: Албанците неправедно западнаа во долгови кои изнесуваат 1,7 милијарди долари

-

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во Гостивар, изјави дека владејачката ДУИ воопшто не се грижела за интересите на Албанците и затоа, според него, целиот бизнис во Гостивар го воделе Македонци.

– Нашата програма е вистинската, која се грижи за интересите на Албанците во Македонија. Ќе спроведеме закони за амнестија за сите долгови на Албанците и амнестија за сите Албанци кои од политички мотиви лежат по затвори. За овие 15 години, Албанците неправедно западнаа во долгови кои изнесуваат 1,7 милијарди долари. Албанците во сите институции се застапени со пет проценти, само во затворите ги има повеќе од девет проценти – изјави Тачи.

Тој додаде дека ДПА нема да дозволи Албанците во Македонија да живеаат како во Алепо, а приоритет на новата влада ќе биде зачленувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...