fbpx

Тачи: Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак ги наместат изборите, ние нема да ги признаеме

-

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја оцени како важна и успешна. Тој рече дека со еврокомесарот разговарале за тоа дали се исполнети условите за избори на 11 декември,

– Мојот став е дека дел од условите за изборите се исполнети. Но, кога ќе се објават официјалните резултати, ако има еден факт што потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги повториле работите од минатите избори, ние ќе ги прогласиме за невалидни и нема да ги признаеме – изјави Тачи.

По средбата на Јоханес Хан со Тачи, во тек е средбата на еврокомесарот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претходно, Хан разговараше и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, премиерот Емил Димитриев и со претставници од невладиниот сектор.

Еврокомесарот за средбата со Тачи на „Твитер“ напиша: „Добар состанок со Мендух Тачи, лидерот на ДПА. Разговаравме за подготовките за избори, а меѓуетничката соработка е клучен елемент“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...