fbpx

СЗО расправа за прогласување вонредна состојба поради вирусот зика

-

Почна итниот состанок на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, на кој се разговара дали поради експлозивното ширење на вирусот зика треба да се прогласи вонредна состојба.

СЗО во 2014 година прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола.

Директорката на СЗО, Маргарет Чен, минатата недела рече дека нивото на тревога е екстремно високо иако не постојат докази дека вирусот зика е одговорен за наглиот пораст на бројот на новороденчиња во Бразил со невообичаено мала глава.

СЗО предупреди дека вирусот, кој го пренесуваат комарците, се шири со голема брзина во Америка и оти оваа година се очекува да се инфицираат три до четири милијарди лица.

Вирусот се појави во Бразил во октомври минатата година, кога е регистриран зголемен број на микроцефалии кај деца.

Здравствените служби на Колумбија, Бразил, Јамајка и на Порторико ги советуваат жените да ја избегнуваат бременоста за време на епидемијата на вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...