fbpx

СЗО: Месните преработки предизвикуваат рак

-

Производите од месни преработки, како сланина, колбаси, виршли и шунка, се канцерогени, односно предизвикуваат рак, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Како што јавуваат медиумите, Меѓуародната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), со седиште во Париз, а која е дел од СЗО, денеска официјално ги стави месните преработки на листата од првата група производи, на која веќе се наоѓаат тутунот, азбестот, дизел-гасовите, односно производите за кои има „доволно докази“ дека се поврзани со болеста рак.

„За една индивидуа, ризикот да заболи од колоректален карцином (рак на дебелото црево) од консумирање преработено месо останува мал. Но, ризикот се зголемува пропорционално со количеството на месо што се консумира“, ја цитираат медиумите изјавата на доктор Курт Страиф од ИАРЦ.

Според извештајот на СЗО, внесувањето на околу 50 грама преработено месо дневно, го зголемува ризикот од колоректален карцином за 18 отсто.

Засега, според извештајот, нема „доволно докази“ дека и црвеното месо, во кое спаѓаат свинското, телешкото и јагнешкото месо, се причина за појава на карцином.

Месни преработки се производи од месо што е модификувано за да се продолжи рокот на траење, да се подобри вкусот или на кое му се додаваат сол и конзерванси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...