fbpx

СВР Скопје: Вчеравечер беше мирно како ниту една друга ноќ во минатата година

-

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ била на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта поминала со многу помалку инциденти и случувања од која било друга вечер во годината, соопшти новиот началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски, на денешната информативна средба со министерката Гордана Јанкулоска.

На средбата, началникот Вучевски ги презентираше и резултатите од работењето на СВР Скопје во изминатата година. Тој истакна дека во 2014 година е регистрирано значително намалување на стапката на криминал во споредба со 2013 година, за повече од 24 осто.

На подрачјето на СВР Скопје, во текот на 2014 година биле регистрирани 12.468 кривични дела, за разлика од 2013 година, кога имало 16.431 дело.

Најголем пад, според СВР Скопје, е регистриран во бројот на извршени тешки кражби. Во 2014 година пријави за тешки кражби имало 6.521, додека во 2013 имало околу 9.700 пријави.

– Значително намалување има и во бројот на разбојништвата, додека зголемување е регистрирано, пред сè, кај кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и овозможување употреба на наркотични дроги. Ова зголемување се должи, пред сè, на почнувањето на координираната акција „Мрежа“ насочена против лицата кои препродаваат дрога на улиците низ градовите – информираа од СВР Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...