fbpx

СВР Охрид со кривична пријава за пет лица за повеќе казнени дела

-

Поради сомневање дека сториле повеќе казнени дела, СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица.

Како што се наведува во соопштението, поднесена е пријава против М.М. (61), вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид, поради основан сомнеж дека извршила компјутерска измама и ги злоупотребила службената положба и овластување. Покрај неа, СВР охрид поднел кривична пријава и против едно засега непознато лице вработено во Општина Охрид, за кое, исто така, постои сомнеж дека ги злоупотребило службената положба и овластување. Пријави се поднесени и за М.Ќ. (56) од Биџево и за Н.М. (58), адвокат од Струга, поради основано сомневање дека  учествувале во договор за извршување кривично дело и дека поднесувале лажни докази, како и против Р.С. (56), судија од Охрид, за кој постои основан сомнеж дека бил дел од договор за извршување кривично дело и дека ги злоупотребил службената положба и овластување.

Првопријавената М.М. во јануари 2007 година, како службено лице, референт за катастарски работи во одделението за катастар на недвижности Охрид, искористувајќи ја службената положба и овластување, свесно во компјутерскиот систем на одделението за катастар на недвижности Охрид, без правна основа внела невистинити податоци за сопственост на имот од бифето „Славица“ во Охрид, со намера лицето О.С. од село Лескоец да стекне незаконски запишано право на сопственост, со што предизвикала невистинит резултат при преносот на овие податоци. Во негова корист, пријавената од компјутерските евиденции на одделението за катастар и недвижности Охрид испечатила и со свој потпис и печат заверила имотен лист, иако знаела дека податоците во имотниот лист се невистинити и запишувањето на сопственоста е без правна основа.

Второпријавеното, засега непознато лице, вработен во Општина Охрид, во периодот јули 2007 година до мај 2015 година, искористувајќи ги службената положба и овластување од архивата на Општината Охрид, сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште, свесно, бесправно и неевидентирано изнесол градежна проектна документација која се однесува на бифето „Славица“, заедно со одобрение за градење од лицето О.С., чие чување е од трајна вредност и надлежните органи се должни да ја чуваат.

Третопријавениот М.Ќ. и четвртопријавениот Н.М. заедно сториле едно кривично дело, односно договор за извршување кривично дело. Во 2015 година во Основен суд Охрид, спротивно на укажувањата и на заклучокот од Министерството за транспорт и врски Скопје истите да почнат парнична постапка спрема О.С., тие почнале граѓанска постапка за утврдување на право на сопственост на објектот бифе „Славица“. Со незаконско стекнување на правна основа, односно пресуда, со чие спроведување во одделението за катастар на недвижности Охрид, М.Ќ. ќе можел да стекне право на сопственост и да добие имотен лист за целиот објект бифе „Славица“ (и покрај тоа што делови од истиот објект во површина од 189 квадратни метри биле со евидентен лист, како бесправна градба и предходно опфатени во постапка за легализација во Министерството за транспорт и врски Скопје и за истите бил донесен заклучок за запирање на постапката).

М.Ќ. и Н.М., кој е негов адвокат, со петтопријавениот, како судија во Основен суд Охрид задолжен да решава по овој предмет, се договориле, а Р.С. прифатил да изврши злоупотреба на службената положба и овластување. Тој на 27 февруари 2015 година донел незаконска пресуда во корист на М.Ќ., со која се усвојува неговото тужбено барање.

Третопријавениот и четвртопријавениот заедно сториле поднесување лажни докази. Тие, иако знаеле дека донесената пресуда е предмет на кривично дело, на 18 март 2015 година, ја употребиле како лажен доказ за упис на право на сопственост и без да приложат потребна градежно-техничка документација, ја доставиле за спроведување и за упис во управна постапка во одделението за катастар на недвижностите во Охрид. Петтопријавениот Р.С., пак, по предходен договор со трето и четвртопријавениот, донел инкриминирана пресуда со која М.Ќ. без парнична постапка бесправно стекнал правен основ за добивање имотен лист и за другите бесправно изградени делови од кафетеријата „Славица“, така што учествувал во договор за извршување кривично дело и ги злоупотребил службената положба и овластување. Незаконитостите при издавање имотниот лист се констатирани и од Агенцијата за катастар на недвижности Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...