fbpx

СВР Охрид предупредува: Внимателно на патот Охрид – Кичево, пет возила излетани од патот

-

Пет патнички автомобили и едно товарно возило излетале од коловозот на магистралниот пат Охрид – Кичево, на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека.

Причина за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите и состојбата на патот.

Нема повредени лица, но е предизвикана поголема материјална штета.

– СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег Охрид – Кичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За настанатата состојба ги известивме „Македонија пат“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот кризен штаб, како и другите надлежни институции – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на препораките на полициските службеници и на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...