fbpx

СВР Битола го проверува финансиското работење на ученичкиот дом „Мирка Гинова“

-

Битолската полиција го ставила под лупа финансиското работење на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола, како и на други институции кои се под капата на државата или локалната самоуправа.

Наши извори од истрагата откриваат дека предмет на истрага биле евентуални финансиски и други злоупотреби, односно како во последните години се трошеле парите на граѓаните, како се правеле јавните набавки, дали има индиции за корупција и за други прекршувања на законите.

Според наши информации, последниот месец интензивно се вршат проверки на работата на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, каде директор е Јасминка Новакова-Стојановска, сопруга на оперскиот пејач Цветан Стојановски, инаку близок соработник во делот на културата на градоначалникот Владимир Талески.

Од СВР Битола потврдија дека се вршат контроли, но не откриваат повеќе информации.

– Полицијата прави проверки во институцијата што ја наведовте, но досега нема поднесено кривични пријави. Во интерес на истрагата не можеме да даваме подетални податоци -изјави за „Мета“, портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

Неофицијално, од полицијата велат дека истрагата и обвинителството имаат полни раце работа, вклучително и за предметите поврзани со работата и со проектите на локалната власт, кои СЈО на Катица Јанева му ги врати за понатамошна истрага на Основното јавно обвинителство во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...