fbpx

Свлечиште на ридот Балтепе над Тетово, голем број семејства во опасност

-

Врнежите од дожд предизвикаа ерозија на земјиштето над православните гробишта во Тетово на ридот Балтепе.

Жителите на овој дел од Тетово алармираат дека свлечиштата се голема закана за нивните домови, кои можат да се урнат доколку не се преземат превентивни мерки.

– Мора тука да се направат потпорни ѕидови, инаку мојот дом ќе ми се струполи долу во долот, ако свлечиштето пак се активира. Барам Општината да ми помогне затоа што сум социјален случај – вели Ферди Дрина, сопственик на една од куќите, чие семејство брои 30 лица.

Врнежите од дожд деновиве го зголемија водостојот во реката Пена на критично ниво, а поголемо свлечиште го блокираше патниот правец Шипковица – Бродец.

Сега, според надлежните, нивото на водата на Пена е опаднато, а наносите од камења и од земја од свлечиштето над патот Шипковица – Бродец се остранети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...