Свлечиште го прекина сообраќајот на обиколницата во Битола


       
Скопје, 2 февруари, 2018 - 19:48 (META) 

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено. Од превентивни причини сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино, кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента.