fbpx

Светскиот ден на здравата храна одбележан во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

-

По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, денеска имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна.

Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се градинките, последните години практикува проект за здрава храна во градинките.

Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување, тие дознаваат за здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и на зеленчукот. Притоа преку координиран пристап во детските градинки, почнат е процес на создавање градини преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки, и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...