fbpx

Светски ден на културна разновидност со студенти од 15 земји од Америка, Африка, Азија и од Европа

-

Светскиот ден на културната разновидност ќе биде одбележан денеска напладне, со пригодна програма на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Студентите и професорите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји, петнаесетина од Америка, Африка, Азија и од Европа.

Нивната програма содржи презентација на национални носии, национални кујни, изведување традиционални песни и танци, претставување на главните карактеристики на државите и можност за фотографирање со студентите облечени во нивните традиционални национални носии.

Манифестацијата за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ годинава се организира третпат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...