fbpx

Светска јубилејна награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески

-

Крајот на минатата година, на ликовен план, ја одбележа јубилејната награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески која, истовремено, му ја донесе и поканата за учество на  престижниот арт-салон „Триенале ди Италија“ за 2016 година.

На Манасијески му припадна, заедно со плакетата, и скулптурата Мојсеј, а како мотив беше искористено одбележувањето на 500-годишнината (1515) од изработката на ова безвременско дело, од страна на италијанскиот ренасансен скулптор Микеланџело Буонароти.

По тој повод, италијанската критика направи еден преглед на светската современа уметничка сцена и на Манасијески му ја додели јубилејната награда како на  автор кој остава значаен белег во светската уметност. Формални носители на наградата се „Студио за арт-критика РУССО“, „Ефето арте“ и Издавачката куќа „Серадифалко“.

Признанието беше врачено во палатата „Кардинал Цеси“ во Ватикан, во присуство на политичкиот и културен естаблишмент и со голема поддршка на италијанските медиуми. Во име на уметникот, признанието го прими неговиот промотор Љупчо Жупан, сопственик на Галерија „Букефал“, која е истовремено и ексклузивен застапник за промоција на делата на Манасијески.

– Пред светот испратив порака за универзалноста на уметноста како поле преку кое се пренесува порака за љубов, мир и за спокојство. Македонскиот сликар Јордан Манасијески заслужено е одликуван со статуетка Мојсеј и со плакета, со што и македонската современа уметност ја става во врвот на светската уметничка сцена – вели Жупан за „Мета“.

Најновата награда за Манасијески преставува уште една потврда за високите уметнички вредности на неговото сликарство и е продолжение на претходните признанија од центрите на уметничка моќ, како Париз, Токио, Кембриџ и други. За своето дело „Молитва за радоста“ Мансијески ја доби специјалната награда на Јапонската асоцијација за современа уметност, а изложуваше и во Њујорк и во Фиренца. Во 2009 година Јордан Манасијески ја доби и специјална награда на Светската галерија за цртеж „Оостен“, во Скопје.

Дека ништо не е случајно и дека сè е плод на високите естетски и универзални вредности на сликарството на Манасијески кое во себе содржи неоткриени пораки, сведочи и светската критика. Познатиот Салваторе Русо, во списанието  за уметност „Овер арт“, пишува:

– Моќен ракопис. Креативна енергија. Динамика која како знак никогаш не е статична.Сликар кој ги истражува мистериите на умот визуелно, следејќи го својот инстинкт. Одлична синтеза на симболи, збогатена со многу бараниот хроматизам ги карактеризира делата на Манасијески. Уметник чии визии ги поставуваат фундаментите на новата современа уметност – запиша Русо.

Владимир Величковски, професор по историја на уметноста, за најновиот циклус на Манасијески напиша: „Во најновата серија слики, авторот ја отфрла стварноста како директен предизвик, во интерес на создавањето слики од имагинацијата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...