fbpx

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

-

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје.

– Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите од регионот. Потрошувачката стана главен двигател на порастот, поддржана од вработувањата и од повисоките јавни плати и трансфери – изјави Бојан Шимбов, економист во канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Порастот, главно, се должел и на градежништвото кое се зголемило за 19,3 проценти на годишно ниво, кое било поддржано од јавните инвестиции, а кои, пак, од друга страна, имале влијание и врз зголемување на јавниот долг.

Во извештајот е нотирано дека невработеноста и понатаму се намалува, но невработеноста кај младите се зголемила повеќе од 50 проценти и покрај владините програми за унапредување на вработеноста кај младите.

Шимбов истакна дека оваа година се намалила и стапката на активно работно население што би значело дека тие што биле долгорочно невработени или се откажале од барањето работа или има тренд на иселување од земјата.

89 проценти од новоотворените места се со фискална стимулација, односно поддршка од државата, што на среден рок е притисок врз пензискиот фонд. Во последните години, 45 проценти од приходите во пензискиот фонд се од буџетот, што подразбира негова голема зависност од државата.

И оваа  година има изостанување на фискалната консолидација, што влијае врз зголемување на буџетскиот дефицит и на јавниот долг.

– Фискалниот дефицит се зголеми од првично буџетираните 3,2 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) на 4,1 отсто поради поголемите трошења на плати, пензии и социјални трансфери отколку првично буџетираните, како и поради прилагодување на потрошувачката поврзана со справување со поплавите – додаде Шимбов.

Директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, истакна дека е важно за што се трошат парите од задолжувањата и очекува разврска на кризата, поголема стабилност и почнување на процесот на привлекување инвестиции.

Во поглед на земјите од регионот, за Албанија е предвиден пораст од 3,2 проценти, за БИХ – 2,8 проценти, Косово – 3,6 проценти, Црна Гора – 3,2 проценти и за Србија – 2,5 проценти.

За следната година, Светска банка предвидува пораст од 3,3 проценти, под услов да се одржат избори и да се формира стабилна влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...