fbpx

Светот се обедини на маршот во Париз

-

Милион и половина луѓе се собраа на централните градски улици во Париз за да се приклучат на маршот на солидарноста.

Протестната прошетка, наречена „Плачам за слобода“, се одржува во чест на жртвите на неодамнешните терористички напади во Париз, кои почнаа во средата, со масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во нападите загинаа 17 лица, новинари, карикатуристи, полицајци и заложници, кои радикалните екстремисти ги киднапираа.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пред почетокот на маршот изјави дека Париз „денеска е престолнина на светот“ и оти „цела земја ќе стане на нозе“.

– Ова ќе биде невидена манифестација, која ќе биде запишана во книгите на историјата – рече премиерот на Франција, Маниел Валс.

На поканата на францускиот претседател за учество во големиот антитерористички протестен марш, допатуваа највисоките претставници на Европската Унија и лидерите на европските земји. На маршот на солидарноста се приклучија германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на Шпанија, Велика Британија, Турција и на Италија, Маријано Рахој, Дејвид Камерон, Ахмет Давутоглу и Матео Ренци, како и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој ја предводеше делегацијата на Русија. Поддршка за Франција изразија и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и палестинскиот претседател, Махмуд Абас.


На почетокот на маршот, лидерите, рамо до рамо, во тишина, проследени со аплауз, ги поведоа граѓаните на протесната прошетка.

Италијанскиот премиер, Матео Ренци, учествувајќи во маршот, вети дека Европа „ќе победи во предизвикот против тероризмот“.

– Денеска сите сме Французи – рече Ренци.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, приклучувајќи се кон маршот на солидарноста, рече дека екстремистичкото насилство уште долго ќе претставува закана.

– Ние во Британија сме соочени со многу слична закана, закана од фанатичен екстремизам… Тоа е закана која е со нас веќе долги години и верувам дека ќе остане уште долго – рече Камерон.

Тој додаде дека Британија мора да се соочи со таа закана „на секој начин“, како и тоа дека од клучно значење да се проучат крвавите настани во Франција за од нив да се извлече поука.

Истовремено, повеќе од 600 илјади луѓе денеска излегоа на улици во другите градови во Франција, за да го поддржат Маршот на солидарноста што се одржува во Париз. Случни маршови се организираа и во повеќе европски градови, вклучувајќи ги Брисел и Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...