fbpx

Сваровски-судијката за 28 ноември закажа судење за обвинението на СЈО против Грујовски

-

Кривичниот суд за 28 ноември го закажа судењето на седумтемина обвинети за уништување на документација поврзана со опремата за нелегално прислушување, меѓу кои и поранешниот директор на петтата управа, Горан Грујовски. Станува збор за едно од првите две обвиненија што Специјалното јавно обвинителство ги поднесе на 15 септември годинава.

За второто, односно за насилствата во Општина Центар од јуни 2013 година, во кое на обвинителна клупа треба да седнат актулениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, судот веќе го закажа првото рочиште, кое треба да се одржи на 21 ноември, во 10 часот.

Од судот информираат дека за судењето на 28 ноември, судијката Лидија Петровска веќе испратила покани до странките во случајот.

„Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против седум лица осомничени за кривичното дело фалсификување на службена исправа, од член 361, став 2, во врска со став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик, по добивањето на предлогот оформи предмет со К.бр.1905/16 и закажа рочиште за 28 ноември 2016 година, во 11.30 часот, за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство веднаш по поднесувањето на обвинението побара изземање на судијката Лидија Петровска, но претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби барањето, а неговата одлука ја потврди и Апелацискиот суд Скопје.

Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...