fbpx

Сугарески во Брисел побара поддршка од ЕУ за реализација на инфраструктурните проекти

-

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствува на вториот Министерски совет на ЕУ за Западен Балкан што се оддржува во Брисел во рамки на Договорот за основање на транспортната заедница.

Во обраќањето пред присутните, Сугарески ја потенцираше важноста од примената на овој Договор, како основа за поврзување на Европската унија и земјите од Западен Балкан, а кој е во насока на економска соработка и интеграција на транспортниот сектор на земјите од регионот во оној на Унијата.

Сугарески посебен осврт даде на инфраструктурните проекти што се реализираат на пан-европските Коридори 8 и 10, како заложба на Владата за зајакнување ма економската позиција преку инвестирање во транспортната инфраструктура. Притоа, тој ја побара поддршката од Европската унија за финансирање на таквите проекти како предуслов за подобра кохезија со земјите од регионот и Европската унија, а во насока на постигнување на европските стандарди до 2030 година.

„Владата преку Министерството за транспорт и врски достави Апликација за инвестициски грант во износ од 5.136.000 евра за изградба на заедничката станица со Република Србија. Искрено, се надевам дека Апликацијата ќе биде одобрена од страна на Управниот комитет на ВБИФ, по што ќе започнат постапките за избор на изведувач и надзорен инженер. Соглано планот за набавки, се предвидува градежните работи да започнат до средината на 2020 година”, потенцираше министерот Сугарески.

Во рамки на Самитот, министерот Сугарески оставри и средба со Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, на која средба се разговарше за поддршката на ЕУ за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија. Покрај министерот Сугарески, на Самитот присуствуваат и министерите за транспорт и инфраструктура на земјите од Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...