This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Dec 14 19:13:22 2018 / +0000 GMT

Сугарески пред француски компании ги претстави инфраструктурните проекти




Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пред претставници на компании од Франција ги презентираше крупните инфраструктурни проекти кои во наредниот период ќе се реализираат во државата.

На средбата организирана од страна на францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние, министерот Сугарески посебен акцент стави на изградбата на автопатиштата и експресните патишта, железницата на Коридор 8 и гасификацијата.

- Во однос на железничката инфраструктура спомнав и претходно дека генереално сме фокусирани на Коридор 8, односно изградба на пругата кон Албанија на Запад и Бугарија на Исток. Пругата кон Бугарија се гради во три фази. Во тек е изградба на првата фаза, за втората фаза тек е тендерската постапака и очекуваме да се започне со изградба средината на 2018 година - рече Сугарески.

Тој додаде дека во наредниот период планирано е да се изградат и реконструираат преку 700 километри патна мрежа вклучувајќи ја изградбата на експресни патишта, реконструкција на преку 40 регионални патни правци и автопатски делници.

Сугарески ги повика сите заинтересирани компании да се вклучат на јавните повици при реализација на овие крупни капитални проекти.
Post date: 2017-12-18 14:51:05
Post date GMT: 2017-12-18 13:51:05
Post modified date: 2017-12-18 14:51:05
Post modified date GMT: 2017-12-18 13:51:05
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com