fbpx

Сугарески: 50 милиони евра од Европската кредитна банка за водоводи и канализации

-

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска во Прилеп најави финансиски поволности од кредитната линија на Европската кредитна банка, кои што следната година ќе бидат на располагање на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти.

„Проектите на кои што во моментов работи Општина Прилеп, следната година ќе бидат засилени со новите кредитни линии што Министерството за транспорт и врски (МТВ) ќе ги добие од Европската кредитна банка, во делот на водоводи и канализации од 50 милиони евра. И информацијата која што помина на Влада, а се однесува на изградба на локални патишта од 70 милиони евра, така што во голема мера, покрај основните буџети што ги имаат општините, и државата ќе може да помогне во изградба на тие патишта“, рече Сугарески денеска во Прилеп, на работната средба со градоначалникот Илија Јованоски, на која што беа разгледани тековните и идни инфраструктурни проекти на Општината.

Министерот апелираше до сите градоначалници во државата, да се носат проекти не само во Министерството за транспорт и врски, туку и во Министерството за локална самоуправа и Дирекцијата за рурален развој, која што работи на ИПАРД-проекти.

Во моментов Општина Прилеп реализира повеќе проекти во соработка со МТВ за изградба и реконструкција на патишта во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, но и во околните населени места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...