!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Судскиот совет за оставката на Михајлова: Преземаме мерки за решавање на ситуацијата


       
Скопје, 8 март, 2017 - 11:06 (META) 

Судскиот совет на Република Македонија денеска преку соопштение потврди дека судијката Татјана Михајлова вчера си поднела неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1.

Од Советот додаваат дека денеска ќе преземат мерки за „адекватно решавање на настанатата ситуација“ и дека во најкраток можен рок ќе закажат седница.

– Судијата Татјана Михајлова вчера, на 7 март 2017 година, со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1. Во текот на денешниот ден, Судскиот совет на Република Македонија ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 – стои во соопштението на Судскиот совет.

Засега не се познати причините за оставката на Михајлова.