fbpx

Судскиот совет денеска избра нови 25 судии

-

Судскиот совет на Република Македонија денеска избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои се избрани за основните судови, како што пренесува „Академик.мк“, се кандидати кои ја поминале обуката во Академијата за судии и јавни обвинители и првпат ќе седнат во судиските столчиња.

За повисоките судови, кандидатите се избрани според бодовите и стажот како судии.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, вели дека Судскиот совет е независно тело на независната судска власт и тоа што се закажани парламентарни избори не го спречува да врши избор на судии. Според него, при изборот на судиите се раководеле строго од Законот за судови и од критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите.

„Беа избрани судии со највисок број бодови. Тие беа интервјуирани, беше следена нивната работа и тврдам дека се избрани оние судии кои се најкомпетентни и во согласност со законската регулатива која мора да ја почитуваме… Со денешниот избор на судии, надминат е балансот на испразнети судиски места кои треба да бидат пополнети. Ни остануваат уште мал број огласи, така што ќе се трудиме како Судски совет да немаме вакви обемни огласи кои ќе се одолжуваат и да немаме непотребни реакции во јавноста“, вели Караџовски, пренесува „Акакдемик.мк“.

Најмногу кандидати биле пријавени за пет слободни места во Апелацискиот суд во Скопје – вкупно 68.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...