fbpx

Судскиот совет денеска избира нов претседател на Основен суд – Скопје 1

-

Судскиот совет на денешната седница ќе ја разгледа оставката на в.д. претседателот на Основниот суд – Скопје 1, Стојанче Рибарев, и ќе избира нов претседател на судот.

Советот ќе ја усвои конечната ранг-листа на кандидати за наследник на Рибарев, кој во октомври, шест месеци по неговото назначување, си поднесе оставка од лични причини.

Претенденти за оваа функција се Весна Димишкова, Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и поранешниот претседател, Владимир Панчевски.

Советот денеска, исто така, ќе ги разгледа оценувањето на извештаите за работата на судовите за третото тримесечје од годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...