fbpx

Судскиот совет денеска ќе избира претседатели на Кривичниот и на Врховниот суд

-

Судскиот совет денеска 14 часот закажа седница на која на дневен ред се избор на в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 по оставката на судијката Татјана Михајлова.

Како трета точка на дневен ред е усвојувањето на конечни ранг-листи на кандидатите за претседатели на Врховен суд, по што ќе се избере и новиот претседател на тој суд.

Судијката Михајлова минатата недела поднесе неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, која ја даде без образложение за причините.

Михајлова ја поднесе оставката откако Врховниот суд поништи седум од прераспоредувањата што таа ги направи со новиот годишен распоред. Поради прераспоредувањата на судии од еден оддел во друг, голем број предмети на кои работеле овие судии се одложуваат.

На почетокот на декември минатата година, по истекот на мандатот на тогашниот претседател Владимир Панчевски, Михајлова беше избрана од Судскиот совет за в.д. претседател на Кривичниот суд.

Инаку, таа го суди и предметот на СЈО за насилството во Центар од јуни 2013 година, во кој првообвинет е и поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За претседателското место во највисокиот суд во државата неофицијално кандидатури поднесоа досегашната претседателка Лидија Неделкова (мандатот ѝ истече на 4 декември, н.з.), поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова, која сега е в.д. претседател, и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...