fbpx

Судот во Гњилане го ослободи од вина Нацист за нападите во Скопје и во Тетово

-

Судот во косовскиот град Гњилане го ослободи Лирим Јакупи – Нацист, член на герилските групи на етничките Албанци во Косово, Македонија и во Србија, осуден за нападот врз македонската полиција во Тетово во 2004 и на полицијата во Скопје во 2014 година, јавува „Балкан инсајт“.

Основниот суд во Гњилане вчера одлучи дека Јакупи не е виновен за вооружениот напад врз македонската полиција во Скопје од 2014 г. и за нападот во Тетово во 2004 година. Судот го ослободи од обвинението дека се обидел да изврши убиство во соработка со други во 2014 г., а судијата Азиз Шакири соопшти дека истекол рокот за другото обвинението против Јакупи, за неовластено поседување, контрола или употреба на оружје.

Обвинителството тврди дека Јакупи и уште едно друго лице на 15 септември 2014 година во Скопје отвориле оган врз тројца униформирани полицајци. При нападот на патролното полициско возило беа потешко повредени полицајците Зоран Ангеловски, Васко Ивановски и Елза Дурмитровска.

„Со пукањето врз тројца полицајци, Лирим Јакупи се обиде да ги убие, намерно ги загрозил нивните животи, постапил безмилосно и насилно во време кога тројцата униформирани лица си ја вршеле својата должност и го бранеле правниот поредок и го одржувале јавниот ред и мир“, се наведува во обвинението.

Јакупи се приклучил на Ослободителната војска на Косово во 1998 година и се борел против српските безбедносни сили. Исто така, бил вклучен во формирањето на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, УКПМБ, која во 2000 година ги почна нападите врз безбедносните сили во населбите населени со Албанци во Јужна Србија. Откако УКПМБ била демобилизирана, Јакупи се вратил во Косово.

Во 2007 година, меѓународните сили го апсат Јакупи, но истата година успева да побегне од затворот во Дубрава.
Македонската полиција во ноември 2007 година спроведе акција во селото Бродец, три месеци по неговото бегство од затвор. Во акцијата, неколку члена од групата на Јакупи се убиени, неколку уапсени, а тој успева да побегне.
Македонскиот суд во 2008 година во отсуство го осуди Јакупи на 15 години затвор за организирање терористичка група и за недозволено поседување оружје.

Во 2010 година повторно беше уапсен, откако во неговиот стан е пронајдена автоматска пушка „калашников“, две рачни гранати и два пиштоли. Во 2014 година, меѓународните полициски сили на Косово повторно го уапсија при излегување од затворот во Дубрава, бидејќи Македонија имаше распишано меѓународна потерница против него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...