fbpx

Судот реагира на собирот на ГДОМ: Протестот е право, заканите се притисок

-

Демократско право на секој граѓанин е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест, велат од Основниот суд Скопје 1 во врска со денешниот протест на ГДОМ пред судот против решението за куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески и додаваат дека, како и досега ги осудуваат насилните протести и заканите со кривични пријави кон судии за нивно „искажано мислење во судска одлука“.

„Во врска со повеќето прашање на одредени медиуми за денешниот протест пред Основен суд Скопје 1 против решението за определувањето мерка куќен притвор за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, судот досега се произнесол дека демократско право на секој граѓанин на Република Македонија е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест. Овој суд и досега ги осудувал насилните протести, јавните настапи, како и обидите преку закани кон судии со водење кривични постапки и кривични пријави против нив за нивното искажано мислење во судска одлука што е неприкосновано уставно и со закон загарантирано право на судиите своето мислење да го искажат во својата одлука“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Протест пред зградата на судот денеска во 11 часот одржаа членовите и поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), чии претставници доставија декларација со која му даваат поддршка на судот и ги охрабруваат судиите да не подлегнуваат на притисоци.

Попладнево, членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, пред Основното јавно обвинителство Скопје изјави дека поднеле кривична пријава против судијката Александра Поп-Стефанија поради одлуката да го прогласи СЈО ненадлежно за случајот „Тврдина“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство за уништување на опремата од незаконското прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...