fbpx

Судот подготвен да одлучува за притворот на шестемина пратеници за 27 април

-

Кривичниот суд во Скопје го добил известувањето од Собранието за одзeмениот имунитет на шестемина пратеници, за кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара притвор, и го доставил до надлежните судии на претходна постапка, соопштија за „Мета“ од судот.

„Известувањето од Собранието на Република Македонија поврзано со барањето на судот околу имунитетот на пратениците за кои е поднесен предлог од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција е пристигнат во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и тој е доставен на надлежните судии на претходна постапака, со што се создадени услови да се постапува по предлогот на обвинителството. Судиите на претходна постапка кои постапуваат по предлогот ги известуваат странките во конкретната постапка кога тие ќе бидат повикани да се произнесат во однос на предлогот, а по донесено решение од страна на судиите, јавноста ќе биде навремено известена“, стои во дописот од Кривичниот суд.

Оттаму не откриваат кога шестемина пратеници ќе се појават на распит во судот и кога ќе се одучува по барањето за притвор.

Собранието во петокот минатата недела, на пленарна седница одлучи да го одобри барањето на Основен суд Скопје за одземање на имунитетот и за притворање на пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поради нивното учество во насилствата што се случија на 27 април годинава во Собранието.

Тие, како и другите 30 осомничени, се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...