fbpx

Судот побара од Собранието да им го одземе имунитетот на шест пратеници

-

Кривичниот суд доставил барање со Собранието за одземање на имунитет на шест пратеници кои Основното јавно обвинителство поради насилствата во Собранието од 27 април годинава ги товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста.

Барањата се пристигнати до Собраниетo.

Претходно Џафери изјави дека ако добие барање за одземање на имунитет на пратеници, истото веднаш ќе го препрати до надлежната Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е надлежна да расправа за барањето. Според процедурата, донесената одлука Комисијата ја враќа до претседателот на Собранието, кој потоа свикува седница на која ќе се расправа за барањето на судот.

МВР денеска по налог на Основното јавно обвинителство, приведе 36 лица за насилствата во Собранието од 27 април годинава, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски.

Во меѓувреме, заврши распитот на Чавков и на Оливер Радулов, кој, пак, е осомничен за земањето на хард-дисковите со безбедносни снимки од Собранието. Во следните неколку часа судот ќе треба да одлучи дали ќе го прифати барањето на ОЈО да им се одреди мерка притвор на Чавков, Радулов и на другите приведени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...