fbpx

Судот му го продолжи притворот на Талески, а Апелација ја одби жалбата на адвокатите

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на барање на Специјалното јавно обвинителство му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески за нови 30 дена, соопштија попладнево од судот.

Од судот, покрај продолжувањето на притворот, информираат и дека Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на одбраната на Талески за продолжувањето на притворот од 21 јули, и го потврдил решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал.

„Денеска Апелацискиот суд Скопје го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а ја одби жалбата на осомничениот против мерката куќен притвор. Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје денеска исто така донесе и решение со кое мерката куќен притвор против осомничениот В.Т. се продолжува за 30 дена“, стои во соопшението од судот.

Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Мерката куќе притвор битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ му беше одредена од судот на 16 јуни, а му беше продолжен на 21 јули, по предлог на СЈО. Специјалното јавно обвинителство денеска побара, а судот прифати на Талески да му биде продолжена мерката за нови 30 дена.

Инаку вчера во Апелацискиот суд беше одржана јавна седница по жалбата на одбраната на Талески за продолжувањето на притворот од 21 јули.

По завршувањето на седницата Талески изјави дека нема сторено никакво кривично дело, не се чувствувам виновен и оти смета дека не е коректно врз основа на еден телефонски разговор што го водат „некои двајца луѓе“ да се прават вакви конструкции.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...