fbpx

Судот го одби барањето на СЈО за суспендирање на „Алфите“ од „Тортура“

-

Судијата го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и на петтемина негови колеги осомничени во случајот „Тортура“, соопштија попладнево од Кривичниот суд.

На судот му беа потребни речиси 24 часа да излезе со информација за исходот од распитот на шесттемина полицајци, кои вчера беа изведени пред судија.

„Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Тортура“, донесе решение со кое, предлогот за осомничените И.А., Н.С., П.М., М.Ш., Ф.А и Ј.Б., се одбива како неоснован. Имено за горенаведените лица судот не го прифати предлогот на СЈО, а со тоа и не им определи мерка на претпазливост – забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење на работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација“, стои во соопштението на судот.

Првично, распитот на полицајците кои го апсеа поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, во 2011 година, во акцијата „Кампања“, требаше да се одржи минатата недела, но беше одложен бидејќи осомничените и нивните адвокати бараа дополнително време за увид во предметот.

Тие се товарат за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски. Првоосмничен во овој случај, кој го отвори СЈО, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него СЈО не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...