fbpx

Судирот меѓу Техеран и Ријад ја зголеми цената на нафтата

-

Цените на нафтата на азискиот пазар се во пораст, бидејќи еден од најголемите произведувачи на црно злато, Саудиска Арабија, ги прекина дипломатските односи со Иран по погубувањето на шиитскиот свештеник, шеик Нимр ал Нимра.

Саудиска Арабија својата одлука ја објави во неделата, еден ден откако демонстрантите ја уништија амбасадата на таа земја во Техеран.

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, му даде на иранскиот дипломат рок од 48 часа да ја напушти Саудиска Арабија.

Рано изутринава цената на барел светла сурова нафта е зголемена за 77 центи и сега изнесува 37,81 долари.

Цената на суровата нафта „брент“ од Северно Море е поголема за 91 цент и сега изнесува 38,19 долари за еден барел.

И покрај зголемувањето на цените, глобалната презаситеност на пазарот долгорочно ќе влијае врз намалување на цената.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...