fbpx

Судир на СИРИЗА и на Нова демократија околу информација за релаксирање на имигрантската политика

-

Во Атина се создаде хаос од наводната вест дека Грција нема да ги апси или задржува илегалните имигранти, туку ќе им дозволи слободно да шетаат низ земјата и ќе им даде рок од 30 дена да си заминат или да се најдат во опасност да бидат уапсени и депортирани во рок од шест месеци.

Информацијата протече како наводна наредба од министерството за цивилна заштита, од каде останаа шокирани и изненадени од веста. Заменик-министерот за цивилна заштита, Јанис Панусис, ја демантираше вистинитоста на информацијата, изјавувајќи дека се работи за наредба издадена од пониско ниво, без да постои консултација или таква директива од највисоките функционери за министерството. Панусис побара оставки во министерството од лицата вмешани во пуштањето на оваа неточна информација.

Веста предизвика лавина реакции од десничарската Нова демократија, чии политичари веднаш ја протолкуваа како остварување на нивните најголеми стравови дека СИРИЗА сака да ја преплави земјата со имигранти. Андонис Самарас во соопштените истакна дека владата на Алексис Ципрас воведува промени во политиката за имиграција и отсега на сите нелегални имигранти, наместо да ги апси, ќе им дава шестмесечна дозвола за престој, со што ќе ја претвори Грција во магнет за илегални имигранти. СИРИЗА веднаш реагираше на овој став, обвинувајќи ја опозицијата за лошо подготвена претстава, спремена со помош на одредени медиуми кои шират невистинита вест, го плашат народот со информации дека се отвараат сите центри за илегални имигранти и дека државата се преплавува со имигранти.

Заменик-министерот Панусис подвлече дека сè уште не е дооформена политиката за имиграција и, според тоа, нелогично е да има издавање какви било наредби пред да бидат договорени генералните општи услови, по кои ќе се раководи владата за ова прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...