fbpx

Судијката од снимките, Софија Лаличиќ, има оцена „многу добар“

-

Вкупно 525 предмети сработила судијката Софија Лаличиќ откако на крајот на 2012 година станала судија во Кривичниот суд.

Лаличиќ во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја слушнавме како соговорник на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, Мијалков на Лаличиќ ѝ вели дека ѝ средил работа да стане судија во Кривичниот суд.

Како што ни одговорија од Основен суд 1, таа од Судскиот совет има добиено оцена „многу добар“.

– И како стручен соработник и како судија има солидни резултати, пред сè во судското постапување. По сите критериуми по кои оценува Судскиот совет, судијката освоила вкупно 183 бода за 2013 година и се оценува со оцена „многу добар“, додека за 2014 година, оценувањето не е завршено – ни одговорија од Судот.

Лаличиќ за 2013 година: Лаличиќ за 2014 година:
  • Оцена од Судскиот совет „многу добар“
  • освоила 183 бода
  • постапувала по 282 предмети
  • потврдени 28
  • укинати 8
  • преиначени 9
  • решени 184
  • нерешени 98
  • Оценувањето не е завршено
  • постапувала во 243 предмети
  • потврдени 31 
  • укинати 6, еден делумно 
  • преиначени 4
  • решени 185
  • нерешени 57 

Во 2013 година, судијката имала 28 предмети потврдени од Апелацискиот суд Скопје, укинати ѝ се осум предмети, а преиначени се девет предмети. Вкупно, во 2013 година, судијката постапувала во 282 предмети, решила 184, а 98 останале нерешени.

Во 2014 година, пак, таа има 31 предмет потврден од Апелацискиот суд Скопје, укинати ѝ се шест предмети, делумно укинат е еден предмет, а преиначени се четири одлуки. Вкупно, за претходната година, судијката постапувала во 243 предмети, решила 185 предмети, а останале 57 предмети. Врховниот суд потврдил пет нејзини одлуки, а укинал една одлука.

Судскиот совет одлучува за оценувањето на судиите врз основа на годишните параметри за квантитет и за квалитет, кои судот ги доставува на годишно ниво во форма на мислење за оценување на судијата до Советот.

Судијката Софија Лаличиќ, прашана за коментар од „Дојче веле“ дали пресудно за нејзиниот избор за судија била стручната и професионална подготовка или, пак, наводни партиски интервенции, одговорила: „Не коментирам и не знам дали јас можам да коментирам бидејќи судот има официјален портпарол. Моите професионални параметри и резултат се мерливи и за нив секој може да се информира во судот.“

Според податоците објавени на веб-страницата на Државната комисија за спречување корупција, Лаличиќ пријавила стан од 62 квадратни метри, вреден 70.000 евра, и автомобил „нисан џук“ со вредност поголема од 14.000 евра. Таа пријавила и акции на три места, сите купени во 2007 година. Минатата година подигнала кредит од околу 8.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...