fbpx

Судија од Хаваи повторно ја блокираше забраната на Трамп

-

Американски сојузен судија на Хаваи ја блокираше последната верзија на забраната за влез во земјата само неколку часа пред да стапи на сила мерката на претседателот САД, Доналд Трамп.

Окружниот судија, Дерек Вотсон, го одобри барањето на сојузната држава Хаваи привремено да ја блокира владата во Вашингтон до спроведувањето на мерката за забрана.

Забраната требаше да стапи на сила на полноќ според американско време.

Според новата измена на указот на Трамп, погодени се граѓаните на Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија и на Јемен, како и некои владини претставници од Венецуела и членови на нивните семејства.

Хаваи се противи на одлуката и наведува дека е продолжение на „ветувањето на Доналд Трамп да се исклучат муслиманите од САД“.

Забраната се разгледува и во судовите во други сојузни држави, како Мериленд, во кои групите за заштита на граѓанските слободи се повикуваат на укинувањето на рестрикцијата за издавање визи и за патувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...