fbpx

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 6 јули

-

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори, на 6 јули ќе продолжи судењето по предметот „Титаник 2“, во кој денеска одбраната даде воведни зборови.

Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Бранителот на обвинетите Тачи и Ибраими рече дека ќе докажат оти Тачи не му сугерирал на членот на ДИК од ДПА да гласа по приговори на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека не се повторени изборите наведени во обвинението, со што не е направена материјална штета. Ибраими рече дека ДИК не повлекла никаква одлука на листа на кандидати на локалните избори и дека какви било разговори се небитни, оти тој одлуките ги носел согласно сите законски процедури.

Одбраната на Сашо Срцев, Димитар Дангов рече дека обвинетиот и да сакал, не можел да го стори кривичното дело за кое се товари. Кревањето рака за давање глас, според Дангов, не е одлука, туку само глас.

Бранителот на Анета Стефановска рече дека овој суд нема право да ја оценува одлуката на ДИК и според Законот не може да цени дали таа одлука е добра или лоша, а тоа може да го прави само Управниот суд.

Воведни зборови не дадоа обвинетиот Сашо Мијалков и неговата одбрана, по своја волја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...