fbpx

Судењето за насилство врз Жерновски закажано за 21 ноември

-

Судењето за случајот наречен „Шамарите во Центар“ е закажано за 21 ноември во 10 часот, информираат од Основниот суд Скопје 1.

„Судијата кај кој беше распореден обвинителниот предлог на СЈО против 14 лица, по разгледување на предлогот, оформи предмет со К.бр 1904/16, а со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расправа е закажана за 21 ноември 2016 година, во 10 часот, за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“, стои во соопштението од судот.

СЈО пред две недели поднесе обвинение кое  се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината.

Обвинението следува по телефонски разговор содржан во прислушуваните материјали, а кој опозицијата го објави јавно. Првообвинетиот е дел од извршната власт.

Обвинението е поднесено против 14 лица за кривичното дело насилство, од кои пет лица се обвинети како поттикнувачи и девет лица како директни извршители на насилството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...