fbpx

Судењето за насилствата во Собранието одложено за 23 мај

-

Денешното рочиште со кое требаше да почне судскиот процес против деветтемина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април, се одложи бидејќи од куќен притвор во судот не беше спроведен обвинетиот Ангеле Зафировски.

Судијката Милка Ангелевска-Васевска, откако констатираше дека не се исполнети условите поради отсуството на Зафировски, рочиштето го презакажа за 23 мај.

Во судницата, покрај осумтемина обвинети, денеска беа присутни и петнаесетина од вкупно 21 оштетен, сите полициски службеници кои биле во Собранието на 27 април, од кои дел ги застапува адвокатот Филип Медарски.

Судијката побара да се провери зошто Зафировски не е спроведен, но потоа не ги соопшти причините и само го одложи рочиштето.

Додека траеше рочиштето, пред Основниот суд Скопје 1 протестираа членови на здружението „Тврдокорни“. Тие држеа транспарент „Верував во сè, но не дека моите ќе ми судат за Македонија“.

Дел од нив беа облечени во црни маички со амблемот на здружението, а дел со маички на кои пишуваше „Слобода за жабата“ и „Македонија на Македонците“.

Денешното рочиште се одржа во судница број 5, која беше претесна да ги собере обвинетите, оштетените, адвокатите, полициските службеници и голем број новинари.

Новинарите реагираа на ваквите услови, на што судијката одговори дека условите се тие, дека просторот е тој и дека големата судница била веќе зафатена за друго судење.

По завршувањето на рочиштето, никој не сакаше да даде изјави, ниту адвокатите на обвинетите ниту на оштетените, а и членовите на „Тврдокорни“ ги избегнуваа медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...