fbpx

Судењето за нападот на Села прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите

-

Судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година, денеска беше прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет.

На Војневски му се слоши за време на сведочењето на новинарот Горан Трпеновски, по што беше повикана итна медицинска помош.

Трпеноски, како втор сведок на обвинителството, рече дека критичниот ден известувал од седница во Собранието, по што се упатил во прес-центарот каде требало да се оддржи прес-конференција по изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот. Според новинарот, Села бил удрен со метална шипка, по што се наведнал и потоа Села веќе не му бил во фокусот.

Трпеноски посочи дека од присутните обвинети во судницата го препознал само Александар Јаневски-Тошта, кој, како што рече, стоел во живиот ѕид пред пратениците и бранел.

Претходно, исказ даде Александар Стојкоски, поранешен пратеник, а сега доктор на Клиниката за радиологија во Скопје, кој е сведок на Обвинителството. И тој рече дека Тошта ги ги раздвојува луѓето околу Села, а тоа го охрабрило и тој да пристапи и да помогне во раздвојувањето.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходните рочишта се изјаснија за невини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...