fbpx

Судењето за активистот Богоевски одложено за 14 ноември

-

Судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 14 ноември затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура.

– Обвинителниот предлог не само што е повик за политички мотивиран прогон на луѓе што протестираат, туку е и катастрофално лошо подготвен и правно неиздржан. Обвинителството се дрзна да поведе постапка без претходно да биде утврдена штетата. Денеска им текна да предложат претставник од Министерството за култура, кој треба да се произнесе за наводно причинетата штета. Во меѓувреме, обвинителството продолжува да го игнорира вистинскиот криминал во државата – изјави активистот Богоевски.

Тој додаде дека на ова рочиште се изјаснил за невин, дека бил дел од групата што Зврлевски ја нарекува толпа, но дека не признава вина.

Адвокатот на Богоевски, Сашо Дукоски, рече дека одбраната за овој случај засега има подготвено тројца сведоци, кои треба да помогнат во утврдување на вистинската фактичка ситуација, а судењето денеска е одложено за да се утврди евентуално нанесената штета.

Активистот на „Шарена револуција“ рече дека оваа организација ќе продолжи да дава поддршка на Специјалното јавно обвинителство, а вчерашното недонесување на законите што ги бара СЈО се директен облик на нарушување на нивниот авторитет.

Додека траеше судењето на Богоевски, пред Основниот суд Скопје 1 беше собрана група луѓе за негова поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...