fbpx

Судењето на Грујовски и на Бошковски во Солун одложено за 1 декември

-

Судењето против поранешните разузнавачи Горан Грујовски и Никола Бошковски, кое требаше да се одржи денеска во судот во Солун, одложено е за 1 декември, објави „Телевизија 24“.

Судењето е одложено поради тоа што судот немал преведувач.

По Грујовски и Бошковски македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, по обвинението од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Беа уапсени минатата седмица на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да се качат на авион за Будимпешта.

На лажните пасоши, Грујовски и Бошковски имаа лажни идентитети, односно Христо Атанасов и Неџби Хасан.

Македонското Министерство за правда во петокот му наложило на Основен суд Скопје 1 да ја подготвува документацијата за барање екстрадиција на Грујовски и на Бошковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...