fbpx

Судења за „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“

-

Во Основен суд Скопје 1, денеска треба да се одржат судења за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“.

Претходното рочиште за „Титаник 3“ на 27 април не се одржа, поради неприсуството на Еленко Миланов. Во овој случај на СЈО, покрај првообвинетиот Ејуп Аљими, координатор на пратеничката група на ДУИ, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за Општина Чаир. Обвинети се за уништување изборен материјал.

Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“. На претходното рочиште, на 25 април, сведочеше Дејан Митровски – Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, кој се жалеше дека „мерцедесот“ во кој се возел Груевски често се расипувал, а Урко имал главоболки оти седел напред и гледал низ блиндираниот ветробран.

Во предметот на СЈО наречен „Труст”, обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица за договарање учество на тендер на ЕЛЕМ. Според обвинителите на СЈО, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет”, „Силекс неметали” и „Вато” злоупотребиле приближно 1,06 милијарди енари, односно 17 милиони евра, пари на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...